6.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаАвионите на „Визер“ го најавуваат враќањето на туристите во земјава

Авионите на „Визер“ го најавуваат враќањето на туристите во земјава

spot_img

Враќањето на авиолиниите на „Визер“ од македонските аеродроми до повеќе дестинации во Европа, како и безбедносните сертификати за хотелиерите и угостителите и вакцинирањето на вработените во овој сектор влеваат надеж дека оваа туристичка сезона за македонскиот туризам нема да биде иста со ланската. Туристичките работници најавуваат и до 20 отсто повеќе туристи годинава споредено со лани, а за враќање на стапките од 2019 година ќе бидат потребни уште две до три години.

<

– Има движење во Охрид во овој период и очекуваме со враќањето на авионските линии да се вратат и туристите и оние индивидуални патувања, да се отвори работа за агенциите и приватните сместувања и за секторите поврзани со туристите. Сепак, не можам да кажам дека годинава ќе се вратиме во нормала. Ако лани имавме 0 остварување, годинава барем да направиме за 10 до 20 отсто повеќе ќе биде добар почеток – вели Олег Маленко од охридската агенција „Вис-пој“.

Според него, Охрид не може годинава да ги очекува скандинавските туристи, но полските веќе се најавени за јуни.

– Полските туристи веќе доаѓаат на 20 јуни со првиот чартер во кој ќе бидат и новинари и значајни личности од тамошниот туризам. Најавен е само еден чартер-лет и тоа е добро ако авионите бидат полни со оглед дека претходните години имавме по 3 чартери од Полска. Па како ќе се покажеме за првите гости, колку сме безбедни, како се однесуваме при контактите ќе зависи и колку туристи ќе може да очекуваме годинава – вели тој.

Туристичките работници забележуваат дека се доцни со вакцинирањето на вработените во хотелските капацитети и на туристичките работници, но и на населението во туристичките локалитети, што секако влијае на загриженоста и одлуката на оние кои сакаат да дојдат во земјава. Дополнително и аплицирањето за безбедните сертификати дури сега се реализира што исто така е значајно за дојдовниот туризам.

– Проблем за странците кои доаѓаат во земјава е и тоа што ПЦР тестовите направени кај нас не се признаваат во некои земји и се изложени на ново тестирање по враќањето дома, што го поскапува нивното патување во земјава. И тоа, секако, ќе влијае на тоа дали Македонија ќе биде нивниот избор – вели Маленко.

И Дончо Нацевски од „Арбо травел“, вели дека воспоставувањето на авионскиот сообраќај ќе има влијание врз туризмот дома и патувањето на нашите граѓани надвор.

– Од 1 јули е најавено отворање на границите во сите 24-те членки на ЕУ. Тоа ќе овозможи, се разбира со почитување на здравствените мерки препорачани од СЗО и ЕУ, патување надвор од земјата и раздвижување во туризмот. Во земјава веќе се прифатија безбедносните сертификати за хотелите и рестораните и тоа ќе даде дополнителен импулс за избор на земјава како дестинација за патување. Можеби се направи грешка со вакцинирањето на вработените во овие капацитети, но се надевам дека најавата дека до крајот на јуни ќе бидат завршени тие процеси и сѐ ќе биде подготвено за туристите – вели Нацевски.

Според него, хотелиерите веќе ги имаат завршено обуките за дочек на гостите и понуда на менито за појадок на секој посетител при неговиот прием на рецепција, како и примената на веќе востановените протоколи кои гарантираат дека гостите се безбедни при престојот и екскурзиите кои им се препорачуваат.

– Полските туристи веќе најавија и реализираат осумдневни тури. Украинците веќе се тука, а имаме и Французи, Германци, Романци. Поголемиот дел од нив имаат вклучен авионски превоз, а автобуски превоз се користи при прифаќањето ако авионскиот билет е до некој град на Балканот. Романците патуваат со свои коли. Малите тури секогаш користат авионски превоз – вели Нацевски.

Тој додава дека и зелените пасоши даваат гаранција дека туризмот може да се надева на подобри резултати годинава во однос на она што се реализира лани кога туризмот падна за повеќе од 80 отсто.

– Дека и во земјава почна да се раздвижува туризмот говорат и првите гости кои ги имавме моментално. Повеќето настани кои се организираат сега се резултат на она што веќе е завршено како подготовка на туристичките капацитети и ангажман на туристичките работници. Танц фестот и настаните со младите волонтери се само најава на туристите кои може да се очекуваат годинава, се разбира, ако коронавирусот дозволи мирен период – вели Нацевски.

„Визер“ во 2019 година превезе над 1,2 милиони патници од аеродромите во земјава. Дел од тие патници беа туристи кои доаѓаа во земјава, а дел граѓани кои патуваа надвор од земјава. Лани „Визер“ го намали бројот на полети од македонските аеродроми, а деновиве врати осум рути.

Лани бројот на туристите беше намален за 60,5 отсто и тоа: кај странските туристи намалувањето беше за 84,4 отсто, а кај домашните за 18,3 отсто.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...