18.3 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Спремен сум да тркнам до Софија и да ги замолам за...

Заев: Спремен сум да тркнам до Софија и да ги замолам за решение.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Молиме европски однос на сите наши соседи. Жалам што во моментот е техничка влада, не е политичка, да понесе одговорност и затоа, сме со резерва и не знаеме дали ќе има одлука, но треба да работиме и успееме, изјави Заев.

<

Премиерот Зоран Заев е подготвен да оди во Софија и да замоли за решение на прагматични основи.

– Да замолам за решение на прагамтични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји – изјави Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Бугарија во 2018 година, посочи Заев, свика Европски самит за Западен Балкан и навистина, како што рече, треба да помолиме Бугарија да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија.

– Политиката што ја водиме во моментот со целосна почит на нашата историја како појдовна основа за гаранција на сегашноста и иднината. Тоа молиме. Европски манири. Молиме европски однос на сите наши соседи. Жалам што во моментот е техничка влада, не е политичка, да понесе одговорност и затоа, сме со резерва и не знаеме дали ќе има одлука, но треба да работиме и успееме – изјави Заев.

Компромисот, појасни тој, е дека секоја страна има право на своите ставови и да остави времето да ги решава.

– Компромисот е патна карта, каде што секој секторски ќе си земе обврска. Ние со железницата кон Бугарија, а тие кон преминот Клепало. Тоа е компромисот. Македонскиот јазик и македонски народ, ако е за преговори, не преговараме. Појасно од тоа, не знам како да кажам – нагласи Заев и додаде се прават сѐ за врз основа низ португалскиот предлог да најдат решение со Бугарија.

Ако успеат преговорите, на 23 јуни треба да ја се одржи првата меѓувладина седница.

На прашањето за ТВ дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, Заев рече:

– Секогаш во текот на преговорите, принципиелно ние ги соопштуваме сите детали и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го има португалскиот предлог кај него во раце. Така сум информиран. Не гледам во моментов причина зошто да седнам, но прва прилика кога тоа нема да наштети на преговарачкиот процес, веднаш и во секое време сум за дуел за било кои теми.

Според него, португалското претседателство изработило изненадувачки позитивно, инвентивно и креативно решение.

– Не само за нас, туку и за бугарската страна, кое што е согласно праксата на Европската Унија и навистина може да биде решение. Да посветиме, овие уште 20 дена, колку што останаа до Советот на министри. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница – додаде Заев.

Не сакам, нагласи тој, да ги поткревам очекувањата, и ја повика ЕУ, вклучително и Бугарија, да испорачаат, затоа што ни должат.

– Деновиве имам многу средби. Имам средби во Тирана, во Виена, во Истанбул, во Париз и на многу дестинации сѐ со конечна цел и билатерално да ги зајакнуваме односите и да ги јакнеме нашите односи со ЕУ. Се надевам дека ќе има средба и со бугарскиот премиер. Тоа е возможно да се случи во Софија. Но, отворено е дали во Скопје, Софија, Охрид или било каде да седнеме да се видиме – изјави Заев.

заевпортугалско претседателствопреговорископјеСофија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...