18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПановски: Свадбите ќе покажат дали имаме колективен имунитет

Пановски: Свадбите ќе покажат дали имаме колективен имунитет

spot_imgspot_img

После повеќе од една година конечно е дозволено организирање на свадби. Според епидемиологот, д-р Никола Пановски, организирањето на свадбите ќе биде една проверка колкав е нашиот колективен имунитет.

„Треба да се внимава на хигиена на рацете, да не се користи ист прибор, посебно внимание треба при посета на тоалетите, во тие случаи треба да се носи маска. Се останато е на совеста на гостите, дали ќе се прегрнуваат, бакнуваат, итн. Се разбира дека и алкохолот ќе влијае на попуштање на дисциплината. Во секој случај ова ќе биде проверка колкав е нашиот колективен имунитет“, вели Пановски во изјава за „Локално“.

Владата денеска ги објави правилата по кои ќе треба да се организира една свадба. Според протоколот, на една маса ќе биде дозволено да седат по шест лица. Бројот на гости ќе се ограничи на 50% од капацитетот на објектот, но не повеќе од 100 лица. На влез задолжително ќе се мери температура.

Дозволена е жива музика но, само ако се прави свадба. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пеат помеѓу гостите. Дозволено е играње на подиумот со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице и со почитување на препорачаната дистанца.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случи на денешен ден,...