17.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДобитници на третиот стан од инстант лозот Доме, сладок доме“ се ...

Добитници на третиот стан од инстант лозот Доме, сладок доме“ се Рајне и Никола Лазаревски од Скопје.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со радост споделуваме дека клучевите од третиот стан од инстант лозот „Доме, сладок доме“ ги предадовме на Рајне и Никола Лазаревски од Скопје.

<

За само 100 денари, четиричлено семејство ќе влезе во својот нов дом „изгребан“ на инстант лозот Доме, сладок доме. Станот со големина од 41,7 квадрати и подрум. Добивката изнесува вкупно 3 372 883 денари, со сите платени давачки.

Брачниот пар Лазаревски,од скопската населба Косела Вода, со возбуда го разгледуваа својот нов стан, раскажувајќи ни ја среќната приказна. Имено, Никола заради работните обврски секојдневно патува низ државата. Патувајќи во различни градови тој од секој град се враќал дома со по неколку инстант лозови. Сепак, среќата била блиску до него, бидејќи ја пронашол во својата населба – Кисела Вода, на продажното место „АН-ДАР Компани“.

Никола купил два лоза – „Златна рипка“ и „Доме, сладок доме“, но не ги изгребал на продажното место, туку ги понел дома за да ги изгребаат заедно со сопругата. Никола и Рајне, во навидум обичниот ден, и не помислувале дека ќе изгребат добитен број со што наскоро ќе станат сопственици на стан во една од најубавите згради во Скопје, во атрактивно соседство, за само 100 денари.

„Едноставно не ни се веруваше во тоа што го гледаме, не заспавме цела ноќ. Нестрпливи бевме да отидеме во просториите на Државна лотарија за да ни ја потврдат добивката и да се увериме дека ова не е сон.“ – ни раскажа Рајне, не криејќи ја својата возбуда.

Откако го потпишаа договорот и ја подготвивме комплетната документација, Никола, Рајне и дечињата го видоа својот нов сладок дом кој се наоѓа во среќната зграда на улица Методија Шаторов Шарло, во населба Аеродром.

Државна лотарија им посакува многу среќа во новиот дом, а ние ќе ги чекаме следните добитници, бидејќи има уште два стана.

ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...