18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаДимитар Апасиев не се плаши ни од американската црна листа, па сам...

Димитар Апасиев не се плаши ни од американската црна листа, па сам се пријави да биде внесен во неа !!!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како што вели, на време се пријавува на американската црна листа, која ќе важи за сите поединци кои ќе рсаботат протов клучните договори во регионот, меѓу кои се и Преспанскиот и Охридскиот договор во земјава.

„Здраво Кале. Ај да се самопријавам со време, да не имате листа на чекање“, напиша денеска Апасиев на својот фејсбук профил.

Како што е познато, Апасиев е жесток противник на Преспанскиот дпоговор, со кој беше сменето уставното име на државава во Република Северна Македонија.

А како што веќе објави Фактор, претседателот на САД Џо Бајден издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој ќе се стават на американската црна листа сите поединци кои работат против клучните договори во регионот.

Декретот им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои Вашингтон ќе процени дека работат на штета на клучните договори во регионот, вклучувајќи ги и Преспанскиот и Охридскиот договор.

„Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“, гласи потпишаниот документ од страна на Бајден.

Задолжен за извршување ќе биде Министерството за финансии на САД во консултација со Стејт Департментот. На црната листа ќе да се најде секој кој директно или индиректно ги нарушува мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на земјите од Западниот Балкан, како и секој кој директно или индиректно се впушта во акции или политики кои ги нарушуваат демократските процеси и институции во регионот.

Ова важи и за секој кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права или бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа.

Фото: МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...