11.9 C
Ohrid
петок, ноември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридскиот градоначалник обвинува дека „Куба либре“ лаже: Знаеја дека ќе ги уриваме...

Охридскиот градоначалник обвинува дека „Куба либре“ лаже: Знаеја дека ќе ги уриваме и не плаќаа концесија

Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски тврди дека фирмата која е поранешен концесионер на плажата „Куба либре“ лаже кога вели дека не добиле решение за отстранување на објектите на плжата. Тој тврди дека првото известување го испратиле во 2017 година, а последното пред десетина дена. Градоначалникот тврди дека се неточни и тврдењата дека фирмата плаќала закупи и за 2021 година, потенцирајќи дека станува збор за присилна наплата со судско решение, бидејќи плажата остварувала приходи на земјиштето без концесија.

„Целосно манипулативна е изјавата од фирмата поранешен концесионер, дека бил изнајден начин за подмирување на закуп на земјиштето и дека имале платено кирија до 2021 година. Тоа е целосна лага! Потенцирам дека станува збор за присилна наплата согласно закон и по основ на Судска пресуда по признание за стекнување без основ, со извршно решение. Се работи за минимален износ на наплатени средства кој е значително помал во споредба со износот кој би бил наплатен за реален закуп односно концесија на земјиштето. Плажата”Куба Либре” работела без концесија и остварувала приходи на државно земјиште на штета на општината и државата. И покрај тоа што немале активен договор за концесија, непречено објавувале угостителска дејност, остварувале приходи и извршиле доградување и проширување на објектите со што узурпирале атрактивно земјиште од крајбрежјето и граделе платформи во езерото“, вели Георгиевски.

Градоначалникот му посочи на менаџментот на фирмата дека наместо да даваат паушални изјави и да ја извртуваат вистината, треба да разберат дека незаконското работење на плажите истече и нивните бизниси нема да бидат над законот и интересите на Охрид.

Инаку, десетина работници од утрово започнаа да уриваат на плажата „Куба либре“, која функционираше и како ноќен клуб. Иако изминатите денови на паркингот во близина на плажата имаше два паркирани багери, сепак, тие засега не се употребуваат. На терен се урива само платформата на плажата која е поставена во езерото. До минатата година, на оваа лежалки, а на неа се одржуваа и забави.

Share

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петгодишно девојче починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести !!!

Петгодишно девојче починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, потврди за МИА директорот на клиниката, Реџеп Мемеди. Петгодишно девојче починало од воспаление...

Кривична пријава против екс министерката Славјанка Петровска за злоупотреба на службената положба и овластување

Независниот синдикат на професионални војници до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично...

АДИССДП гради комерцијална зграда во Битола по период од 12 години

АДИССДП гради комерцијална зграда во Битола по период од 12 години “Зградата ќе има 65 станбени единици, 11 деловни простории”, изјави Генералниот директор на Друштвото...

Во близина на Народна банка, од граѓанин е пронајдено исчезнатото 4 годишно дете.

Соопштение Денеска (07.11.2024) во 11.50 часот на ул.„Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народна банка, од граѓанин е пронајдено машко дете на возраст од...