16.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаMакедонскиот јазик ќе се слушне и во Холивуд: Актерката Симона Живковска во...

Mакедонскиот јазик ќе се слушне и во Холивуд: Актерката Симона Живковска во филмот „Црната вдовица“ зборува на македонски јазик.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 9 јули блокбастерот „Црната вдовица“ ќе ја има својата премиера, а во него за првпат глуми и една Македонка. Имено, на своите профили на социјалните мрежи, Симона Живковска гордо го објави кусото видео со сцена од филмот „Црната вдовица“ каде глуми покрај Скарлет Јохансон, актерката која го игра главниот лик.

<

Воедно овој филм е прв од ваков вид во кој се слуша македонскиот јазик, бидејќи Симона со својата филмска партнерка (додека ја бркаат Црната вдовица) комуницира токму на македонски.

 

Во филмот таа не само што има оружена пресметка со Наташа Романов, односно Црната вдовица, туку и ја брка на мотор низ Лондон, додека Наташа и партнерката бегаат со автомобил.

„Остана уште малку! Не можам да дочекам да го видите ова! Новина е и дека зборувам на мојот мајчин јазик – македонски“, напиша Симона во објавата на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Zivkovska (@simonazivkovska)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...