14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонија"Њама" европа за Македонија - Европа немоќна-Бугарија не попушта и понатаму ја...

“Њама” европа за Македонија – Европа немоќна-Бугарија не попушта и понатаму ја блокира Македонија и цел регион

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на  Македонија и бугарската блокада. Германија најмногу настојувала и покажала силна заложба за почетокот на преговорите со Македонија, но бугарската страна и натаму не  попушта, и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“. Берлин од своја страна предупредил дека со вакво однесување ЕУ се претвора во „стратешко џуџе“ јавува мкд.мк.

<

На Софија ѝ било предочено повторно дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија, а критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“, велат дипломатите во ЕУ.

Бугарскиот претставник порачал дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули.

Сепак, Бугарија не може да даде никаква гаранција ни дека со политичка влада ќе го деблокира ветото, жалат европските дипломати.

За огромното мнозинство земји членки е јасно дека одвојување од Албанија не смее да има, и дипломатите присутни на состанокот оценуваат дека е речиси невозможно ова сценарио да се оствари, „освен ако нешто не се промени до крајот на денот“.

Целиот текст во мкд.мк

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...