20.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи ради...

Спасовски: Многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи ради пандемијата, инаку нема никаков застој или па проблем !!

spot_imgspot_img

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи.

– Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше поголема побарувачка поради позната ситуација со ковид-пандемијата, при што многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем, тоа е процедура која мораме да ја завршиме бидејќи на тоа не обврзуваат и законите и уставот. Веќе од понеделник повторно почнуваме со нормално функционирање, рече Спасовски

Тој дополни дека поради најавената миграција, можен е застој за време на викендот и затоа апелираше на стрпливост кај граѓаните.

– Јас само апелирам на трпение кај граѓаните, ние затоа и го променивме законот, од јули сите оние на кои им истекле патните документи и исправи, тогаш ќе продолжат да важат до крајот на годината и едноставно како што е редот за секој од нас, термините како што ги добиваме, така да може да ги извадиме и документите. Значи повторувам нема застој, а застојот вечерва ќе биде заради миграција на податоци во новиот систем, дополни Министерот за внатрешни работи Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...