20.2 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаСветГрчки свештеник со солна киселина ги изгорел останатите свештеници, откако му кажале...

Грчки свештеник со солна киселина ги изгорел останатите свештеници, откако му кажале дека е разрешен.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Седуммина високи членови на Грчката православна црква и уште три лица се примени во болница со изгореници откако биле испрскани со киселина од свештеник кој бил на дисциплинско сослушување, објавија властите.

<

Инцидентот се случил на состанок во Атина и притоа е уапсен 36-годишен свештеник. Тој се соочувал со исклучување од црквата откако во 2018 година бил фатен со неколку грама ко.каин, објави новинската агенција АНА.

Полицијата не кажа каква течност била фрлена, но додаде дека некои од хоспитализираните имаат сериозни изгореници. Повеќето од повредените имаат висок ранг во Грчката православна црква.

„Ја изразувам мојата згрозеност од овој досега невиден настан“, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Весникот „Та неа“ објави дека свештеникот донесол големо шише со корозивна течност на состанокот во манастирот „Петраки“ во централниот дел на Атина. Тој бил фатен од чувар на капијата на манастирот откако се обидел да избега.

СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...