23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаОхриѓанец заглавен во лавиринт 7 години: Државата му одзела имот за автопатот...

Охриѓанец заглавен во лавиринт 7 години: Државата му одзела имот за автопатот Кичево-Охрид, но не сака да му плати сега..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ангел Јолакоски од село Оровник во општина Дебрца, седум години бара правда за одземеното земјиште за изградбата на автопатот Охирд Кичево.

<

Експропријацијата се извршила во 2014 година, одземени му се 1825 квадрати, не се сложиле за цената, државата понудила 20 евра од квадрат, а реалната била двојно повисока.
Спорот го решавале по судски пат, Управниот суд три пати одлучил во негова полза , но Второстепената комисија ги поништува правосилните пресуди.
Последната одлука на Управниот суд е донесена во февруари годинава , со налог да се исплати надометок на сопственикот на земјиштетото, но до денес нема одговор.

 

-„Второстепениот орган треба да постапи, а сите недостатоци се кај Второстепениот и првостепениот орган од страна на судот се е исправно од страна на Владата се е исправно. Но Второстепениот орган постапи како да е над сите, ниту од Судскиот совет , ниту од Управниот суд не ги почитува пресудите“ , вели Вангел Јолакоски оштетен.

Голем број жители на Дебрца, не се сложија со понудената цена за експропријација, но по судски пат добија реална цена за одземеното земјиште од страна на државата.

 

-„Седум години не малтретираат на сите им исплатија се од тука натаму е исплатено освен мене“, се жали Јолакоски.

Јолакоски помош побарал и од премиерот и од претседателот на државата, тие го поддржале и упатиле до Народниот правобранител, кој пак одговорил дека Второстепената комисија мора да ја уважи пресудата на Управен суд.
Денес на одземеното земјиште кај Подмолје е изграден дел од автопатот, Јолакоски најави блокади и протести,а воедно вели правдата ќе ја бара и на Меѓународните судови.

Новинар Соња Рилковска

Извор: ОхридНет

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...