22 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник на СДСМ, го имаме...

Заев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник на СДСМ, го имаме најдоброто за Валандово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На три до четири месеци пред изборите, ние како партија, тргнавме во постапка заедно со вас граѓаните, да го селектираме тоа што е најдобро и да го понудиме за следните локални избори, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ што вчера се одржа во Валандово.

<

– За некој ден ќе ги објавиме првите дваесет кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон крајот на август. Но, нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата, драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го залужува. И ја користам приликата да ја упатам пораката до сите функционери: трудете се работе, служете му на народот и нема дилеми дека ќе ја добиете довербата и од граѓаните и од своето партиско раководство, порача Заев.

 

Заев најави дека постапката за останатите кандидати продолжува преку испитување на јавното мислење и анкетирање на членството.

– Сакам да ве информирам, дека сите социјалдемократи, ќе добиете викендов ќе имате електронско гласање, односно ќе добиете СМС порака преку која ќе се изјасните за кој кандидат за градоначалник ја давате вашата поддршка, а секако ќе следуваат и анкети насекаде низ државата, заклучи Заев.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...