19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаСветСрпските власти размислуваат за давање трета доза од вакцината против ковид-19, а...

Српските власти размислуваат за давање трета доза од вакцината против ковид-19, а одлуката ќе ја донесат до 1 август, најави премиерката Ана Брнабиќ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

До 1 август српските власти ќе излезат со препорака до граѓаните дали треба да примаат и трета доза или не
Српските власти размислуваат за давање трета доза од вакцината против ковид-19, а одлуката ќе ја донесат до 1 август, најави премиерката Ана Брнабиќ.

<

Таа соопшти дека Националното тело за имунизација, Медицинскиот факултет и Агенцијата за лекови и медицински средства имале состанок и во моментов се проучуваат достапните студии на оваа тема.

„Националното тело за имунизација подготвува свои студии, ги следи производителите на вакцини и нивните студии во врска со употребата на трета доза. До 23 јули телото ќе го достави своето мислење до Кризниот штаб, а Кризниот штаб до 1 август ќе излезе со препорака до граѓаните. Ги следиме студиите на производителите, праксата во другите земји, препораките од СЗО, а ќе имаме и наши студии. Не доцниме по ова прашање, навремено ќе донесеме одлука“,

рече Брнабиќ во гостувањето на српската ТВ Прва.
Србија сè уште не ја поминала бројката од 50 отсто вакцинирани граѓани, но очекувањата на премиерката се дека тоа ќе се случи во наредните неколку дена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...