12.6 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаЗабаваЗа сите што се потсмеаваа со фризурата на Наум: Мојата фризура се...

За сите што се потсмеаваа со фризурата на Наум: Мојата фризура се вика глуварче, иста ваква имав и во војска

spot_imgspot_img

Славејот на македонската народна песна, Наум Петрески реши засекогаш да го смени имиџот. Наум, кој со децении го гледавме со куса и залижана фризура сега веќе не е таков. Тој во една прилика за ММС изјави дека како фатила короната, така и тој решил да го смени имиџот, па сега, со оваа фризура и се вратил на младоста.

-Додека траеше пандемијата минатата година и немав настапи, постојано си седев во Струга, уживав крај езерото, си ловев риби. Токму тоа ми помогна и повеќе да пешачам и да намалам од килограмите. Но, во таква опуштена атмофера човек се опушта сосема. Како што нема настапи, нема потреба секој ден да се мести косата па решив да сменам малку. Ептен ми порасна долга ама без ред, па кога отидов мојата стилистка Весна од „501“ ми рече: „Каде си трнал со живава ограда“. И ме седна на столче и ме среди. Сега имам корона фризура, изјави неодамна во негов стил Наум.

Но, таа промена во фризурата на Наум не беше краткотрајна, бидејќи, како што вели, веќе никогаш нема да биде со куса фризура.

 

-Мојата фризура се вика „глуварче“. Хахахах… Смешно е ама мене „најповеќе“ ми се допага. Вака ја носев до пред војска и после се стрижев и откако завршив со војкската не ја сменив. Никогаш не ја напуштив кратката коса. Ама ете дошло време за промена. Вистина кога фати короната седејќи дома почна косата да расте без форма, како жива ограда. Ама ја средив и сега одам само на потстризуванке. Мене ми се допаѓа оваа, како што велам јас, глуварче фриз. Ме враќа во младоста, вели Наум за ММС.

за повеќе детали тука… ММС (В.М.)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...