Кирил Пецаков и официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа го објави членот на ИК на партијата, Антонио Милошоски, во дневникот на Сител телевизија.
– Нашиот фаворит за општина Охрид е Кирил Пецаков, и може да го врати сјајот на градот, истакна Милошоски.
Пецаков во моментов е пратеник во Собранието на Република Македонија, а претходно беше советник во Советот на општина Охрид.