5.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЖивот во страв дека куќата во која живее секој момент може да...

Живот во страв дека куќата во која живее секој момент може да се урне врз него – сторија на Сител

spot_img

Повеќе 10 години буквално секој ден живее во страв дека куќата ќе му се урне врз него и дека ќе загине. 60 годишниот жител на прилепското село Селце, Милан Ристески, живее во буквално распадната куќа, изградена од плитари, која започнала да се урива пред една деценија од тогаш секој ден ситуацијата е се полоша и полоша.

„Во животна опасност сум, куќата секој ден може да падне. Стравот е голем, штом ќе легнам мислам дали ќе ме отепа мене или ќе падне врз комшиите. Оваа куќа е изградена целата од плитари, страшно е ако фати некое поголемо невреме секој момент може да се урне“, вели Милан Ритески, жител на с. Селце објавува Сител

Последен пат еден од ѕидовите паднал вчера во дворот на соседите само неколку минути пред тие да поминат од тука и да заминат на нива. Куќата е опасност за целата околина.

„Кога се враќавме целото беше паднато, другиот дел од куќата во секој момент е ризичен и ни е страв да помонуваме. Да се поводи сметка, некоја машинерија да дојди што е можно побрзо, ако не друго да се урне оваа куќа, па на соседот да му се направи нешто“, рече Славица Стојаноска, сосед на Ристески.

„И ноќеска со страв спијав, и денеска со страв, да мрднам не можам никаде, ми е страв да излезам, во секој момент може да падни“, додаде Ордан Стојаноски, сосед на Ристески.

Ристески живее само со социјална помош од 7.000 денари. Не е работоспособен поради повеќе болести. Вели дека кога врне во куќата постојано течи вода и тој тогаш се крие во помошната просторија каде ги чува дрвата. За живеење има приспособено една соба која и таа во секој момент може да се распадне.

„Многу лошо живеам, многу. Тука се кријам под стреата кога ќе врни, во салонот сум седел, сум бегал да се скријам во козарникот, порано таму чувавме кози кога беа живи татко ми и мајка ми. И сега нема каде да одам“, додаде Милан Ритески, жител на с. Селце.

Ристески очајно моли за помош од добронамерни луѓе и компании да се урне или санира старата куќа и да добие мал, но пристоен нов дом за живот. Вели дека живеејќи тука секој еден се коцка со својот живот, дали ќе се разбуди жив или мртов.

​Дарко Штарговски за Сител Тлевизија ,

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...