13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПо најавите за можно локално невреме Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните...

По најавите за можно локално невреме Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните како да се заштитат.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска упати апел за превентивни мерки до граѓаните и локалните власти, по најавите за можно локално невреме во повеќе делови на земјата. На градоначалниците, ЦУК им укажа да преземат превентивни мерки и редовно да го известуват Центарот при настани поврзани со невремето.

„Заради најавите за невреме и поројни врнежи Центарот за управување за кризи (ЦУК), преку своите регионални центри, испрати укажување за потреба од преземање превентивни мерки до градочалниците и лицата за контакт во сите региони во државата, коишто при вакви случувања, повратно, го известат регионалниот центар односно ЦУК, за можните настани поврзани со настанато невреме и порои во рамки на заедничко информирање и координирање и регионално и во државата“,

стои во објавата на фејсбук страницата на ЦУК
До граѓаните, пак, од Центарот за управување со кризи упатија апел за превентивни мерки кои би можеле да спречат трагични последици од неврeмето. Меѓу нив, се препорачува да се избегнува отворен простор, осамени дрвја, движење покрај реки и други мерки, во случај на поројни врнежи и грмотевици.

„Конкретно, покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не се движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да не престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“,

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...