8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаКостадинов: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ научени само да грабаат, не можат да враќаат...

Костадинов: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ научени само да грабаат, не можат да враќаат пари кај граѓаните како нас.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Христијан Мицкоски загубен во своите деструкции и блокади, немајќи ништо друго да им понуди на граѓаните, реши да копира концепти и политики од СДСМ.

<

Неговото „Македонија за сите луѓе“ е бледа копија на „Живот за сите“ исто како и концептот „Парите кај граѓаните“.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти.

Не може партија која 11 години земаше од граѓаните денеска да вели дека ќе ги враќа парите назад кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ беше против укинување на радиодифузната такса и против воведувањето на дневна евтина тарифа на струјата.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на проектот Мој ДДВ а преку овој проект за две години вративме 36 милиони евра назад кај 400 000 граѓани.

Минималната плата е покачена од 9.000 денари, на 15. 200 денари, просечната плата за само 4 години ја зголемивме за 6 000 денари. Да потсетиме, првите соработници на Мицкоски се противеа на зголемувањето на минималната плата.

Покачени се платите во сите сектори, во здравство, во образование, полиција, во армијата, во социјалната и детска заштита.

Пензиите во просек се зголемени за 2.000 денари за четири години. ВМРО-ДПМНЕ како власт не ги исплаќаше законските усогласувања, а како опозиција се противеше на зголемувањето на пензиите.

Социјалната помош е зголемена за 300%, а трајно е решен проблемот на 13.000 стечајни работници.

Во последниве година и половина, изгласавме шест пакети мерки кои Владата предводена од СДСМ ги креираше за спас на работните места, за враќање на парите кај граѓаните во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра.

26,8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани кои добија платежни картички преку мерката „купувам домашно“;

Преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени граѓани.

Токму ова значи враќање на парите назад кај граѓаните, концепт кој е тотално непознат за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Ако Мицкоски навистина сака да ги враќа парите кај граѓаните, воопшто нека не чека, нека почне во сопствената партија, преку враќање на парите што Груевски ги земал од членарините за да купува плацови на Водно.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ги врати милионите за кои се обвинети функционери на партијата и за кои дел веќе има пресуди. Мицкоски веднаш со Груевски да ги врати од Белизе парите кај граѓаните.

Граѓаните гледаат кој враќа пари назад а кој граба и краде за да поставува споменици, палми и лажен барок за милионски провизии.

Таа разлика граѓаните ќе ја потврдат на претстојните избори кога ќе одберат со СДСМ да продолжи развојот и напредокот и уште еднаш ќе ги поразат криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...