16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДо македонско државјанство и со сметка за струја, вода, здравствена книшка- Предлог...

До македонско државјанство и со сметка за струја, вода, здравствена книшка- Предлог закон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Платена сметка за струја, греење, вода или телефон, платен данок, здравствена книшка, извештај или отпусна листа како доказ за лекување, имотен лист… се само дел од доказите врз основа на кои ќе може да се стекнува македонско државјанство, се предвидува со предлог-законот за државјанство кој веќе е во собраниска процедура.

<

Во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и државјанин на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Република Македонија живееле на територијата на Република Македонија, се стекнува со државјанство на Република Северна Македонија, доколку кон барањето приложат најмалку еден од следниве документи во оригинал или копија заверена на нотар.

-извод од матичната книга на  родени;

-доказ за завршено учебна година  (свидетелство, уверение или диплома);

-доказ за заснован работен однос со М1 / М2 образец;

-работничка книшка;

-доказ  за платен данок согласно законските регулативи кои во тој период  важеле во Република Македонија,односно доказ за платен:

данок од личен доход на работниците;

данок од личен доход од вршење земјоделска дејност;

данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска и професионална дејност;

данок од надоместок од авторски права, патенти и технички унапредувања;

данок на приходи од имот и имотни права;

данок на имот и

данок на наследство и подарок;

-одлуката на даночниот обврзник од страна на Управата за јавни приходи;

-доказ за платена сметка за следниве услуги:

електрична енергија,

греење,

вода,

телефонски услуги;

-патна исправа (пасош) издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

-лична карта издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

-лична карта за странци;

-здравствена книшка;

-извештај, потврда, отпусно писмо или друг документ со кој се докажува  извршено  лекување  во јавни здравствени установи во Република Македонија

-поседовен или имотен лист на име на барателот;

-штедна книшка за депонирање на заштеди во банка (правно лице) основана од  Република Македонија согласно закон;

-други докази издадени од надлежни државни органи  со кои ќе се потврди  постојаното живеалиште на територијата на Република Македонија и

-сведителствата кои се издадени од 1991 до 1998 година за лицата  родени од 1984 година до 1991 година.

Целосниот текст во мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...