-0.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПосле затворската казна на Миле и Трајко се јави и Груевски: Со...

После затворската казна на Миле и Трајко се јави и Груевски: Со тапани и свирчиња не се прави тероризам, ниту нарушување на уставниот поредок

Никола Груевски, екс премиерот од Будимпешта се огласи по повод денешната одлука на судот за „Организатори на 27 април“. Тој смета дека одлуката на Судот е резултат на општата атмосфера на судството, и дека тоа ги живее најтеѓките години на страв од казна од извршната власт.

„Денешната одлука на судот за предметот наречен “Организатори на 27.” е резултат на општата атмосфера во судството (и во државата). Атмосфера во која судство ги живее најтешките години на страв од казна од извршната власт, разрешување па дури и прогон на судиите доколку не пресудат согласно политички создадената атмосфера од власта. Дури и ако власта не вршела директен притисок на судот, кој верувам дека го вршела, доволно е само веќе поставената политичка атмосфера и клима во земјата за сите политички судења, а особено за ова.

Поинаку неможе да се разбере одлуката на судот да ги прогласи виновни обвинитетите за т.н. случај “Организатори на 27”. Па обвинетите веќе беа осудени и во самиот наслов на предметот: “организатори на 27.”. Насловот не остава простор за поинаква пресуда, бидејќи тој однапред кажува дека обвинетите се виновни, дека се организатори, а судот се очекува само да го потврди тоа.
Замислете судот за овој предмет да донесеше ослободителна пресуда, каква што гледано според доказите и правдата требаше да се донесе. Да кажеше: “неможеме некој да прогласиме виновен на база на претпоставки, во отсуство на докази”.

Тоа ќе значеше дека на 27. Април немало организиран од некого од тогашната власт влез во парламентот и немало нарачани физички пресметки, како што и всушност беше. Ќе значеше дека имало спонтана реакција на поголем број граѓани предизвикана од чекорите на тогашната опозиција а денес власт а поврзано со незаконскиот избор на претседател на Собранието. Тоа ќе ја срушеше главната политичка теза на извршната власт за овој настан кој непрекидно ја повторува цели четири години.

Што ли ќе ги снајдеше судиите потоа во атмосфера кога секоја недела без посебен повод се разрешуваат судии, претседатели на судови и уште на дел од нив им се отвораат судски постапки по разрешувањето, па се доведува во прашање и нивната слобода. И кога истовремено политички подобните судии се унапредуваат во повисоки судови и како додатна награда им се вработуваат на значајни места членови на нивните семејства. И атмосфера на постојани закани кон судиите дека се следени од некаква комисија која директно или индиректно ја составува власта, дека се под надѕор нивните предмети и одлуки и дека комисијата може да тропне на вратата на сите судии во секој момент. Ова незначи дека ги бранам сите судии и дека некои можеби не се оправдано разрешени, но факт е дека сме сведоци на невидена досега хајка во судството од страна на извршната власт, паралелно со хајката против стотици припадници на спротивната политичка опција на власта, за кои одлуки треба да носат оние кои веќе се под напад. Ова не ги ослободува судиите од одговорност за носење незаконски, неправедни и без докази пресуди, но ја опишува актуелната атмосфера во која постапуваат.

Не, во ваква атмосфера власта веќе немора да се јавува и да дава инструкции на судиите. Може слободно јавно да говори и спротивно на одлуката на судот. Судиите гледаат што им се случува и реагираат согласно тоа. Не случајно и врховните судови на Шведска и Грција, одбивајќи да прифатат екстрадиции наведуваат дека во Македонија нема услови за фер судење. Не е тоа случајно.

Власта ја има завршено работата со илјадниците изјави на највисоките политичари и носители на извршната власт со кои пораката е веќе пратена, обвинетите однапред се преставени за виновни уште пред судењето да почне, пропратено со силна подршката на медиумите под нивна контрола кои се најголем дел од сите медиуми и зацименторано со прогонот на судиите во овие четири години. Не на сите. На неподобните за власта и “непослушни” судии.

Од она што можеше да се разбере, судот наведувајќи докази дека обвинетите ги подржувале мирните протести преку охрабрување на партиски припадници да излезат на мирните протести кои траеа цели 60 дена, барање свирчиња или тапани, ги прогласи за виновни за сосема нешто друго: организација на насилен влез во парламент и тепање пратеници. Претпоставките се преставија како докази. Наводните докази за подршка на мирни протести се преставија како докази за организирање упад и физички пресметки во парламентот. Тоа е неправедно и оваа пресуда еден ден ќе падне бидејќи е нереална и под општ или конкретен политички притисок изнудена.
Со тапани и свирчиња не се прави ни државен удар ни тероризам, ни загрозување на уставниот поредок. Ниту со какво сакате толкување на деловник за работа на парламентот или препратени пораки од еден на друг политичар, за тоа кој што чул од некого, без никаква сигурност дали е тоа точно. Такви пораки тогаш а сигурно и денес (и во иднина), си препраќаат не само политичарите од една партија, туку и сите други луѓе секаде во светот, во склоп на нивното работење и професионален фокус.“, напиша Груевски.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...