15.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаОвде има Бугари, а таму немало Македонци? Заев нема ништо против Бугарите...

Овде има Бугари, а таму немало Македонци? Заев нема ништо против Бугарите да фигурираат во Уставот

Премиерот Зоран Заев нема ништо против тоа бугарското малцинство во Северна Македонија да фигурира и во уставот на земјава. Ова дури според него може да важи и за другите малцинства кои живеат во државава, и да се направи моментот кога ќе се отвори Уставот во очи на пристапувањето кон ЕУ.

Но Бугарија како земја членка на ЕУ нели би требало во иднина да го направи ова со македонското малцинство кое живее таму: На прашањето во врска со ова, Заев вели дека не сака да се меша во работите на други држави.

Но за разлика од Заев кој вели дека не навлегува во прашањата на соседите, бугарската страна не се двоуми да го стори тоа во секој момент. Меѓу последните изјави е таа на техничкиот министер за надворешни работи, според кого, измената на уставот на Северна Македонија е еден од начините за решавање на проблемот со бугарската заедница во Македонија.

„Ако го погледнете Уставот на РСМ по 2001 година, таму Бугарите, како народ што живее на територијата на сегашната држава, не фигурираат. Има Срби, има Албанци, има Роми, има Турци, Бошњаци, но нема Бугари“, вели Светлан Стоев, технички министер за надворешни работи на Бугарија.

Во Бугарија се негира постоењето на македонско малцинство. Екс премиерот Бојко Борисов во ноември минатата година изјави дека “во Бугарија нема македонско малцинство“. Што се однесува до бугарското малцинство во Македонија, на почеток не се знаеше дека тоа ќе биде барање на источниот сосед. Во март 2020 претседателот на земјава Стево Пендаровски, но и од Владата излегоа со став дека нема потреба за измена на уставот со цел Бугарите да бидат дел од него и дека немало некое такво барање во разговорите со Софија. Оваа реакција следеше како реакција до министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој изјави дека нема ништо против Бугарите да се впишат како етничка заедница во Уставот.

Пишува ТВ21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...