30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не сме против етничка припадност во личните карти, но ЕУ вели...

Заев: Не сме против етничка припадност во личните карти, но ЕУ вели тоа не е европска пракса.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев вели дека тој и неговата партија и натаму сметаат дека е во ред да се даде можност за внесување графа за етничка припадност во личните карти, но оти тоа не може законски да се регулира, пред се, како што истакна, поради укажувањата од Европската унија дека тоа не е европска пракса пренесува Сител.

<

-Ние дадовме поддршка за етничка графа во личните карти уште во фазата на уставните промени. Јасно го изразивме нашиот став дека немаме никаков проблем по ова прашање, но Европа јасно ни даде до знаење дека етничката припадност во личните карти не е европска пракса, а ние треба да ги почитуваме европските пракси. И не само тоа, туку најавија дека во август ќе има посебна регулатива току за тоа, изјави денеска Заев во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детска градинка во Стајковци.

Тој додаде дека денеска уште еднаш сака јавно да ја изрази поддршката за БЕСА како предлагач и оти стои зад тоа, но, потенцира, дефинитивно е невозможно да се најде решение во Собранието.

-До денеска има 12 илјади барања за лични карти кои не можат да се издадат. Веројатно следната недела веќе ќе бидат 15 илјади. Надминати се сите рокови затоа што не е донесен законот. Поддршка да, нема резерви парламентарното мнозинство околу оваа работа, но дефинитивно е блокирано законското решение од едни или други и дефинитивно Европската унија ја испрати јасно пораката дека не треба да применуваме ваква пракса затоа што не постои во Унијата и мислам дека треба да се најде начин, рече Заев.

Тој најави дека утре ќе се види со лидерот на БЕСА Билал Касами со кого, како што рече, ќе разговара за многу прашања меѓу кои и за ова.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...