30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДлабока Река под врвовите на Кораб во Македонија стана Светско наследство на...

Длабока Река под врвовите на Кораб во Македонија стана Светско наследство на УНЕСКО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Длабока Река под врвовите на Кораб во Македонија беше впишана како Светско природно наследство, одлучи вчера Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО на 44-тата сесија која се одржува во кинескиот град Фуџоу. Македонската локација е вклучена во проширеното транснационално подрачје „Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа“.

<

Проширениот регион кој влегува во светското наследство сега се протега на 94 локации во 18 различни европски држави. Длабока Река во Македонија им се придружува на локации во Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Украина кои добиваат заштита од УНЕСКО.

„Проширеното подрачје претставува извонреден пример на релативно недопрена, комплексна шума во умерената клима и е пример за широкиот спектар сеопфатни еколошки циклуси и процеси на чистите или мешаните европската бука низ различни услови во животната средина“, наведува УНЕСКО. Длабока Река се наоѓа во територијата на Националниот парк „Маврово“.

Таа е лева притока на Рибничка Река, која пак е десна притока на Радика. Извира под високите врвови на Кораб, формирајќи стрмна долина која претставува единственото место со алпска клима во Македонија. На неа се наоѓа познатиот Корапски водопад, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.

Локалитетот поседува исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река, со безмалку никаква човечка интервенција во последните 100 години. Локалитетот се одликува со голема биолошка разновидност, со присуство на бројни ендемични растителни и животински видови и се наоѓа во зоната за строга заштита на Националниот парк „Маврово“ и во неа се дозволени само научно-истражувачки активности.

Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк „Маврово“, а е изработена со поддршка на Институтот за екологија од Клагенфурт и национални експерти. Вчера УНЕСКО впиша уште пет други локации на Листата на светско наследство: Болоњските портика во Италија, Архитектурата на Јоже Плечник во центарот на Љубљана во Словенија, Карпестите предели на северен Велс, Паркот Ивиндо во Габон, како и Карпестите цртежи во Езерото Онега и Белото Море во Русија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...