-0.1 C
Ohrid
среда, декември 18, 2024
ПочетнаМакедонијаИсмаил до Мицковски: Не нè делете дополнително – по националност сите сме...

Исмаил до Мицковски: Не нè делете дополнително – по националност сите сме Македонци

spot_img

Јас сакам во мојата лична карта да ми стои мојата НАЦИЈА (а мисли на етничката припадност – и заложбата му е на секого во лична карта да му пишува етничката припадност), македонска. И навистина тука не гледам ништо спорно, ниту спротивно од она што е вековна заложба на овој народ и граѓаните кои себеси се идентификуваат по РОД Македонци.” – Христијан Мицковски, претседател на најголемата опозициска партија во окупирана Македонија.

Искрен да бидам, не знам дали Мицковски и неговите следбеници навистина не разбираат на што се вовлечени или пак, едноставно се праат наудрени? Но, ќе пробам вака пластично да објаснам, со што се надевам, малку од малку, ќе придонесам кон превенција на ваквата гнасна и крајно опасна манипулација на грубо искористување на тешката историска положба во која се наоѓа македонскиот народ, како конститутивен народ на државата Македонија.

Да почниме од обратно, односно од „вековната заложба“, во таа насока подолу ќе следува дел како содржина од самиот почеток на Крушевскиот манифест, кој совршено ги доловува мотивите на тие народни херои:

„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на ВЕРА, НАРОДНОСТ, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата…денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.

Вие господине Мицковски, со ова дефинитивно сакате да ставите крај на придобивките од борбата и заложбата на овие херои. Јас брате Мицковски, по РОД не сум Македонец, јас сум Македонец по НАЦОНАЛНОСТ! Од 90-тите наваму, а особено од уставните промени во 2001-ва наваму, вирее страшен процес на дезинтеграција на македонската нација, токму преку вакви заматувања на етничката култура и нацијата. Јас, господине Мицковски, кој по род не е Македонец, сум се интегрирал во македонската национална култура. Mожеби таквите како мене, не само што се ретки, туку се и последна генерација. А, ние наместо да го спречиме тоа дезинтегирање, вие со ова залагате истото да се забрза, па дури и да му се стави печат. Со што, таквите како мене, ќе не’ приморате да избереме едно од многуте племиња, чија култура историски не ja достигнала свеста за држава, туку се закочила на гумно!

 

Ова подолу е мојата лична карта, која не е издадена од некаков клуб на љубители на кокичиња, ниту од планинарско друштво, ниту од некаква клерикална верска организација, не е ниту од хинду дружина, ниту од обединети нации, ЕУ или НАТО, нејзе не ја издава ниту некакво културно-фолк здружение, нејзе ја издава Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, таа е доказ и референт на државата, односно за мојата НАЦИОНАЛНОСТ!

 

May be an image of text that says ‘република македонила лична KAP MKD REPUBLIC OF MACEDONIA IDENTITY CARD државланство NATIONALITY македонско / MACEDONIAN tA M датум HA рагае/ матич’

 

Те молам, престани да правиш турбо фолк претстави на македонскиот народ. Не ја користи на овој начин неговата тешка историска состојба, кога се соочува со раб на губење на својата држава, кога веќе подолго време нема контрола на скоро половина територија на и онака разграбената му држава! Ако немаш храброст, знаење и сила да се спротивставиш на сето ова и да го впериш прстот кон вистинските причинители, кои ЛОГИЧНО доведоа до денешната срамна состојба, повлечи се и гледај си ги хидроцентралите. Или, како што Илинденците велеа:

 

„…ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо – а тоа је голема помош. Да не се заортачите со душманите!”

 

ДА ЗАКЛУЧАМ: Јас не сум етнички Македонец, граѓанин на Северна! – Јас сум по националност Македонец.

 

СТАВ НА РЕЧЕП ИСМАИЛ ХАКТАН – ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Двајца тетовчани го претепале шоферот на пајак службата.

На 17.12.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, С.Ј. (23) од Тетово пријавил дека околу 17.00 часот на работното место во пајак возило на...

Ковачевски, чист како солза: Секогаш работев во согласност со законите

Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се...

Адвокатот на Бајрами: Клиентот мој не е избеган, само не е во Македонија.

Адвокатот Антонио ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и...

Со писмо 30 доктори од болницата Козле бараат разрешување на директорката, Каролина Симоновска

30 доктори од болницата Козле бараат итно разрешување на директорката на болницата, Каролина Симоновска. Преку писмо се обратија до јавноста наведувајќи сериозни проблеми во...