1.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаДедо Јоне oд Кочани: Кога ја видов мојата куќа пеплосана, се пеплоса...

Дедо Јоне oд Кочани: Кога ја видов мојата куќа пеплосана, се пеплоса и мојата душа, и сите убави спомени..

spot_img

Кога гори домот, гори и душата. Но, домот може и да се обнови, а душата, емоциите и спомените тешко. А емоциите, за разлика од материјалното немаат цена. Како изгледа кога боли душтата и колку е тешко кога гледаш пред себе како ти се уништуваат спомените и корените најдобро може да раскаже пензионерот Јане Атанасов од Кочани, кому во завчерашниот пожар му изгоре куќата во Костин Дол, останата од неговите родители, пишува ММС.

Куќа која чуваше многу спомени од неговиот и животот на неговите браќа и сестри. Во оваа куќа имало љубов, се родиле пет машки и три женски деца, тука им растеле запчиња, во тој двор го направиле првиот чекор, од тука тргнале на училиште, на факултет, од тука тргнале во нов живот. Денес сите си имаат свои куќи и викендици, но оваа куќа, и покрај тоа што веќе одамна неговите родители не се меѓу живите, сепак, ја чувале сите и ја одржувале. Токму затоа и ја одржувале, вели Јане, за да не згаснат спомените, за да ги зачуваат корените.

-Селото Костин Дол, се наоѓа североисточно од Кочани, меѓу Бела и Црна река, каде сега се гради браната на Оризарска река. На Илинден, попладнето се појавија првите знаци од пожарот. Јас во близина на Костин Дол имам викендица и пред мене убаво се гледа селото. Мислев ќе биде мал, ќе се изгасне брзо, но дуваше ветер и го крена на ридот и го префрли од другата страна, кон Ново Село накај Каменица. Пожарот продолжи ноќта и утредента се врати назад. Во селото има манастир „Св. Симеон“, а до црквата е старото школо во кое учев до четврто одделение, ама веќе 40 години не се држи настава во него. Се слушнав со луѓе од таму, кои ми рекоа дека е страшно, дека тие се трудат да го заштитат манастирот и не знаат што ќе се случи со куќите. Јас од мојата викендица цела ноќ гледав чад. Вчера кога се раздени не ме држеше срце и заминав во селото. Сеуште гореше, но се пробив и отидов до куќата. Што да видам, изгорена цела, пеплосана. Кога стасав уште чадеше. Утрово звонев во селото да прашам, но не успеав никого да добијам, вели Атанасов.

 

Во ова село има неколку семејства кои живеат постојано и семејства, кои се иселени, но доаѓаат повремено. „Ние сме меѓу тие кои навраќаа повремено“, вели Јане и додава дека се повеќемина браќа и сестри, родителите им се починати поодамна, а имотот и оваа куќа не им е поделена и секој од нив навраќал, кој кога можел.

– Главно се одржуваше, имавме насадено овошки, имавме сливи, варевме ракија повремено, некогаш и компиr. Се одржуваше имотот. Ние сме родени таму, на темелите на оваа имаше стара куќа, која своевремено се сруши и изградивме нова. Оваа нова е направена околу 70тите и беше релативно сочувана. Не беше од црвста градба, туку со кал камење и дрвја. Но, не станува збор тука за материјалното, туку за емотивното. Тоа е место кај ни се корените, кај ни се спомените, вели тој и додава дека кога ја видел куќата пеплосана му се пресекле нозете и солзите сами почнале да течат.

-Оф, како се чувствував. Добро е што бев сам, па не ми ги видоа солзите. Како да ми се потсекоа нозете. Јас по природа сум емотивен. Одамна сум заминат од селото, но корените ги чувствувам таму. Гледајќи како гори куќата пред мене, ми се чини како корените да ми се искорнаа сосема. Тешко ми е, како некој да ми ги исекол нозете. Испомешани чувства и спомени. Од мали деца како си игравме тука во дворот па до понатаму. Како се враќав од Кочани од училиште, бидејки училиштето во Костин Дол беше до четврто и од пето одделение одевме во градот. Па гимназија, па и како студент сеуште се враќав, оти родителите ни беа таму, сеуште беа живи. Сите тие моменти, сите тие спомени ми се вратија. Немавме нешто важно и скапо материјално, имавме алат, казан, садови, кревети, но спомените немаат цена, тие се поважни од се. Секој си ги носи во себе и секој си знае за себе. Тешко е за опишување. Можеби ќе ја обновиме, не знам ама тоа нема да биде тоа. Не е веќе исто, вели тажно Јане.

за повеќе детали тука… ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...