20.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЏиновскиот авион „Херкулес“ 530 ќе фрла падобран-бомби во Македонија, но нема да...

Џиновскиот авион „Херкулес“ 530 ќе фрла падобран-бомби во Македонија, но нема да смее да полни вода од Охридско Езеро

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Покрај Спартан канадер, Романија како помош за Македонија денеска ќе испрати уште еден многу поголем авион за гаснење на пожарите – Херкулес 530, информираше Центарот за управување со кризи.

<

– Херкулес 530 пристигнува и е многу поголем. Тоа е товарен авион прилагоден дополнително за гаснење на пожари. Се работи за специјализиран авион кој со себе носи техничка опрема, пожарникари и шест-тонски ќеси наполнети со вода и при летањето хидраулично ги исфрла во форма на падобран-бомба, информираше портпаролот на ЦУК на денешната прес-конференција.

Тој напомена дека нема да може да полни вода од Охридското Езеро бидејќи тоа е забрането од УНЕСКО, а како алтернативна можност е Преспанското Езеро или тоа да се прави од некое поголемо вештачко езеро.

Повеќе детали се очекуваат околу 17.00 часот, а според ЦУК ова се летала кои се користат за големи пожари.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...