18.9 C
Ohrid
вторник, јуни 3, 2025
ПочетнаМакедонијаБектеши: Ако сакате да пиете кафе по кафичите, вакцинирајте се...

Бектеши: Ако сакате да пиете кафе по кафичите, вакцинирајте се…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Крешник Бектеши, министерот за Економија, ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

<

Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки..

-Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен „локдаун“ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори, рече Бектеши.

 

 

Тој појасни дека мерките донесени од Владата, не се за целосно затворање на угостителски објекти туку само за тие кои работат внатре..

Тие нема да смеат да работат. За оние кои работат на отворено, со капацитет над 30 гости, секој кој ќе сака да влезе треба на редарските служби да им покаже сертификат дека е вакциниран.

 

 

-Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби, вели министерот за економија.

Тој потенцира дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на сите угостителски објекти дали мерката се почитува или не.

 

 

-Од 16 август, во внатрешните простории не може да влезат гост. Надвор, на терасите, треба да се почитуваат протоколите и плус сега со дополнувањето да се има потврда за вакцинација.

 

 

Од 16 август нема да има свадби и прослави во затворен простор. На отворено, како што се бара потврда за вакцинација во угостителските објекти, така ќе се бара и за тие кои организираат свадби и прослави

 

 

гостите да покажат потврда дека се вакцинирани, изјави Бектеши, дополнувајќи дека остануваат претходно донесените протоколи за угостителските објекти, сега дополнително со новата мерка.

 

 

-Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се, порача Бектеши.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

СВР Скопје го расчистува случајот со заканите кон градоначалничката на Скопје

СВР Скопје го расчистува случајот со заканите кон градоначалничката на Скопје На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје,...

Тошковски за пасошот на Пуцко Петрол: Ние постапуваме по одлука на судот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со осомничениот во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино,...

Во стариот град на Охрид, се изврши асфалтирање на два краци од улицата „Нада Филева“

Деновиве се одвиваа активности за асфалтирање, уредување и санација. Во Стар град се изврши асфалтирање на два краци од улицата „Нада Филева“. Понатака на...

Мицкоски: Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме во првите пет економии во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во...