2.9 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаГруби: Охридскиот Договор има почеток но нема крај-борбата за еднаквост не...

Груби: Охридскиот Договор има почеток но нема крај-борбата за еднаквост не треба да запре ниту еден ден.

Според Груби активностите за одбележување на Охридскито Договор не се само активности за рефлекција или споредба, но тие ги оценува како начин на креирање на заедничка визија за следните 20 години.

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи помеѓу заедниците,  Артан Груби беше денес присутен на панел дискусијата на тема: “По две децении, дали Рамковниот Договор е тесен за едно општество целосно отворено и еднакво“ организирано од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа во рамките на програмата на активностите за одбележување на 20 годишнината на Охридскиот Рамковен Договор.

Во неговиот говор, Груби ја потенцираше извонредната улога на Универзитетот на Југоисточна Европа од неговото основање со кадрите коишто му ги дала на земјата за имплементацијата на принципите на Охридскиот Договор пред се за обезбедување на еднаквоста и на правото на високото образование на мајчин јазик , сметајќи ја и како нејзин заштитник на човечките и научните капацитети за спроведување на Охридскиот Рамковен Договор.

“Навистина денес ја одбележуваме 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот Договор, но самиот договор не е единствен и изолиран настан, е процес кој има почеток но нема крај. Токму овој денешен јубилеј е и најдобрата можност за изразување на институционална, колективна и персонална благодарност кон сите мажи и жени кои го започнаа овој процес уште од 1991 година и за една цела деценија направија континуирани напори за еднаквост, заедно со тие мажи и жени кои го забрзаа процесот во 2001 година и следствено го усвоија нормативниот дел од процесот наречен Охридски Мировен Договор до моите денешни колеги со кои заедно ја имаме обврската за нејзината имплементација и да не застанеме во ниту еден момент унапредувајќи ја таа еднаквост во сите сфери од животот“, истакна Груби.

Во нивните говори, Првиoт вицепремиер Груби и Академикот Беџети се навратија и на Хелсиншката Конференција во врска со изградбата на европските коридори.

“Замислете ’97 кажавте, денес е 2021 година и по иницијативата во ’97 година за воведување на Коридорот 8 и покрај целиот отпор бидејќи целата финансиска и политичка концентрација беше во Коридорот 10, беа потребни толку години за повторно актуелизирање на Коридорот 8 и неговото инкорпорирање во закон и се надеваме на поставувањето на камен -темелникот во текот на оваа година. Не се многу години за историски процеси, но се многу години за индивидуален живот. Не можеме да чекаме 20,30,40 години за да ги оствариме основните соништа за подобар живот и затоа борбата за еднаквост како што реков синоќа во Кичево не треба да запре ниту еден ден. Денот кога ќе застанеме да се одмориме, ќе се вратиме 20 години назад. Тоа е тековен процес и ве замолувам да се придружите не само на празникот, туку и на работата, бидејќи сега со целата инфраструктура воспоставена како резултат на Охридскиот мировен договор и 30 -годишните напори, не само 20 години, го имаме товарот да се изгради и да се унапреди во однос на квалитетот на животот”, рече меѓу другите Груби.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...