18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаХеројот од Дељадровци – бос и со голи раце во битка со...

Херојот од Дељадровци – бос и со голи раце во битка со огнот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Огнената стихија што деновиве беснее низ цела Македонија изнедри и искали голем број македонски знајни и незнајни јунаци, кои храбро и пожртвувано се впуштија во битката со огнот. За еден таков херој, кој бос и со голи раце го гасеше пожарот во Дељадровци, посведочи и екипата на Нова Македонија 

<

Скопје под пеколна опсада од над 40 степени. Уште еден врел августовски ден во низата. Како што се исправа сонцето на небото, воздухот станува сѐ погуст и потежок.

Пожарите што веќе неколку дена беснеат низ целата држава се подготвуваат за нов уште посилен напад. Веќе е 16 часот. Уште еден пожар во низата лоциран во близината на „Окта“. Гори скопско Дељадровци. А ветерот тивок и топол само ги шири огнените јазици. Веќе стигна до потегот на кумановските села Агино Село – Брзак, се доближува и до рафинеријата „Окта“, од селото Текије.

За 15 минути е направена огромна штета и пеплосан е теренот наоколу.

Екипа на „Нова Македонија“ е на терен заедно со локалното население и пожарникарните екипи, секој што се нашол по патот сведочи за уште една пожарна приказна.

Локалното население пожртвувано, без заштита, без опрема, со сета сила учествува во гасењето на пожарот. Заедно со пожарникарите на терен неколку часа го гасат и се обидуваат да го локализираат пожарот. Погледот ни се задржува на еден млад жител на селото Дељадровци, кој бос и со голи раце продолжува сам да ги гаси зажарените греди на пругата. Неуморно со сета снага прави голем број обиди да се разлади пругата, да направи дистанца од огнот, шините и праговите меѓу нив. Постојано трча наваму-натаму и со кофи вода го гаси огнот близу пругата.

Којзнае какви сѐ мисли му минуваат во главата во тој миг. Една од нив, веројатно, е дека огнот може да ја наруши статиката на пругата, доколку изгорат праговите може да се искриват или изместат шините и тоа да предизвика друга голема трагедија. Во моменти кога секој миг, секоја секунда е драгоцена, кога жестината на огнот ја чувствувате на својата кожа, а чадот навлегува длабоко во дишните патишта и ве задушува, ништо не може да го сопре или обесхрабри момчето од Дељадровци. Тој не запира, туку уште поенергично очи в очи со огнот се бори да скроти пламените јазици. И успева во тоа.

Тој размислува не само за мигот туку и за евентуалните последици во иднината. Беспоштедно се жртвува себеси за да ги спаси и пругата и местото каде што живее. Такви знајни и незнајни јунаци и херои несомнено има насекаде низ државата. Насекаде каде што месното и локалното население деновиве се соочуваат и се борат со пламените јазици. Сепак момчето од Дељадровци е нашиот херој на денот. Во бркотницата и битката со огнот не стигнавме ниту да дознаеме како се вика. Но зарем е тоа важно. За него и за сите други што во тој миг беа под опсада на огнот, најважно и пресудно беше да се совлада огнот. Целиот текст прочитајте го во Нова Македонија 

Фото Игор Бансколиев – Нова Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...