15.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа Илинден видео обраќање, за годишнината од Рамковниот Пендаровски со долгометражен говор

За Илинден видео обраќање, за годишнината од Рамковниот Пендаровски со долгометражен говор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Рамковниот договор го издржа тестот на времето но е далеку од совршен“ – заклучи претседателот Стево Пендаровски кој со долгометражен говор се истакна пред јавноста за време на одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот Договор. Ова предизвика низа реакции, дел од нив негативни, токму поради фактот што претседателот на најголемиот празник на државата – Илинден, се обрати со видео порака наместо да даде изјава во живо пред граѓаните, како што беше пракса претходните години.  Но затоа најде време да одржи долг говор по повод годишнината која помпезно ја прослави цел државен врв.

<

„Рамковниот договор го издржа тестот на времето, иако е далеку од совршен. Ако во него бараме пропусти, тогаш, според мене, најголемата грешка беше тоа што под притисок на крајно неповолната динамика од настаните на теренот, учесниците во преговорите воопшто немаа време да се посветат на правата и статусот на помалку бројните етнички заедници и поради тоа договорот со право е квалификуван како бинационален, а, тоа сигурно не е предност во едно мултикултурно општество“ рече претседателот Стево Пендаровски и додаде дека во хетерогена политичка заедница како нашата, бинационалниот не смее да биде замена за автентичниот мултинационален модел кој треба да го развиваме.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...