24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДигитална свеќа за починатите потписници на Охридскиот Рамковен договор, но не и...

Дигитална свеќа за починатите потписници на Охридскиот Рамковен договор, но не и за загинатите бранители !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дигитална свеќа за починатите потписници на Рамковниот, но не и за загинатите во конфликтот. Кратко потсетување на борбите и многу, многу говори за придобивките. Вака течеше финалната манифестација на одбележувањето на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор. Единствените живи потписници, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Франсоа Леотар, не дојдоа на прославата.Георгиевски е на одмор, Црвенковски не се огласи, а Леотар е среде судски процес во Франција.На видео бим беа пуштени нивни стари изјави, веднаш над бината на која седеше целиот државен врв.

<

Претседателот Пендаровски, кому дел од јавноста се` уште му забележува затоа што не се обрати на 2 Август на Мечкин камен, овде одржа говор.

-ТОА БЕШЕ НАЈДОБРИОТ МОЖЕН ОДГОВОР НА ТОГАШНИОТ ЕСТАБЛИШМЕНТ ВО ТОЈ КОНТЕКСТ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ. ПРЕМИЕРОТ, КОЈ ТОГАШ НЕ БЕШЕ ДЕЛ ОД ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ, ЗБОРУВАШЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДОГОВОРОТ, ПО ШТО ДОБИ ПОФАЛБИ ОД ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ГРУБИ И ОД АХМЕТИ, ДЕКА АКО БИЛ ТОЈ НА ВЛАСТ ВО 2001, НИШТО ОД ТОА ШТО СЕ СЛУЧИ, НЕМАЛО ДА СЕ СЛУЧИ.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, рече дека договорот не е совршен, се` уште ќе има луѓе кои ќе сметаат дека добиле премалку или премногу. Но, и двете овие гледишта, смета тој, се на погрешната страна од историјата.Апелираше до Бугарија да ја крене блокадата на евроинтегративниот пат на земјава.

ТЕЛМА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....