0.7 C
Ohrid
понеделник, април 7, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Новаци ги покани сите вакцинирани и прележани на летен фолк...

Градоначалникот на Новаци ги покани сите вакцинирани и прележани на летен фолк хит за 2021 година. !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Општина Новаци утре ќе се одржи завршниот настан од манифестацијата Културно – забавно лето, и во општинскиот двор ќе се избира летен фолк хит за 2021 година.

<

Градоначалникот Љубе Кузмановски, кој заедно со општината е покровител на настанот, ги покани заинтересираните да го проследат фестивалот, на кој ќе настапат околу 20 познати музички имиња од домашната фолк сцена.
-Да бидеме одговорни и совесни и да се заштитиме. Новите мерки за заштита ќе важат при одржувањето на фестивалот, а на редарската контрола ќе треба да и приложите задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, или потврда за прележан Ковид-19, првите 45 дена по прележувањето- објави Кузмановски на својата страница.

Манифестацијата Културно – забавно лето во Новаци, општина со околу 1.500 жители, на девет километри од Битола се одржува со години наназад и еден од најпопуларните настани помеѓу населението. Организатор е Модно студио Пикси, односно сопственикот на студиото Благојче Стојановски – Пикси, кој традиционално, ги носи сите попознати музички имиња пред публиката во Новаци.

Годинава на изборот на летен фолк хит ќе настапат Сузана Гавазова, Марјан Коцев, Ирена Спасовска, Сани Гроздановска, Стојне Николова, Лени Партикова, Дамјан Стојаноски, Туше, Борче Наумовски и многу други.

Настаните во склоп на културно-забавното лето во Новаци секогаш привлекуваат многу публика. Така на пример, пред две години, на отворањето на манифестацијата со концерт на Сузана Гавазова, дошле повеќе посетители, отколку што општината имала жители. Тогаш, портпаролот на општината Петар Велјановски, изјави дека имале над 3.000 посетители и над 25.000 прегледи на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Судијата кој пресуди две години затвор за прегазена девојка, сам со пенкало си ги поправал оценките на факултет.

Во Основниот суд во Тетово, денеска беше изречена пресуда која предизвика револт кај јавноста – за случај на прегазување на девојка, судијата Е.Љ изрече...

Таткото на Вања: Ме правеа ретардиран, велеа дека не си го познавам детето, дека можеби се регрутирала во ИСИС…

Александар Ѓорчевски, татко на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска денеска сведочеше во Кривичниот суд. Одговарајќи на прашањата на неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ тој раскажа за моментот...

Сестрата на прегазената Теодора: Како да отидам на гробот од мојата сестра и да и кажам дека убиецот е осуден на ДВЕ години затвор,...

Ева Ристовска, сестра на Теодора, низ солзи, рече дека казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе ја олесни маката на...

Две години затвор за Менсур Пајазити, кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска

Две години казна затвор доби обвинетиот Менсур Пајазити. Ваква одлука донесе судот во Тетово по денешното рочиште на кое се појави и Пајазити, а откако...