16.3 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаАвстралија со препорака да не се патува за Македонија- Има Ковид,пожари, загаден...

Австралија со препорака да не се патува за Македонија- Има Ковид,пожари, загаден воздух ,а можен е и терористички напад.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

АВСТРАЛИЈА СО ПРЕПОРАКА ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО МАКЕДОНИЈА Има ковид, пожари, загаден воздух, можен е терористички напад!
Македонија е означена како земја со висок ризик за зараза од коронавирус и се препорачува да не се патува во неа. Оваа препорака е за патниците од Австралија, а ја препорачува австралискиот сајт „Смарт травел“.

<

Ако некој реши да патува, има препораки што да се прави и како да се однесуваат австралиските граѓани.

Потребен сертификат за вакцинација за посета на сите јавни места, или сертификат за прележаност, пишува на сајтот.

„Можно е да се појават граѓански протести, кои можат да прераснат во насилство. Избегнувајте ги. Можно е да има терористички напад, дури и на оние места каде што има странски државјани. Можни се ситни кражби на аеродром или во поголемите градови. Внимавајте на вашите џебови и торби. Налето има многу пожари ширум целата земја. Во зима, пак, проблем се снегот и мразот. Загадувањето е голем проблем во земјата, па ако имате проблем со дишни патишта, советувајте се со вашиот лекар пред да патувате“, советува австралискиот сајт.

Во однос на ковид-препораките, посочено е дека границите се отворени за нивните граѓани, меѓутоа дека треба да внимаваат на границите на другите земји низ кои треба да пројдат за да влезат или излезат од Македонија.

„Задолжителен е карантин за сите што доаѓаат од Индија. Во трговските центри, рестораните, ноќните клубови, нема да можете да влезете доколку немате сертификат за вакцинација или сертификат за прележаност, не постар од 45 дена од после прележувањето на болеста. Мора да носите маска во јавниот транспорт и во сите затворени простории. Мерките многу брзо знаат да се сменат“, објави австралискиот сајт.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...