Никола Стевановиќ Коле од селото Долна Крајница кај Лесковац, по кобниот скок од карпа, 12 дена се борел за својот живот и таа битка ја изгубил. Не се разбудил од кома. Починал во Скопје, далеку од својата куќа и семејството.
Никола бил фудбалер. Пред почетокот на сезоната се одмарал со друштвото на Охридското езеро. Во еден момент скокнал од карпа во езеро, удрил во подводен камен и го скршил вратот и шестиот рбетен пршлен. Префрлен бил во Скопје, каде бил опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил, пишува “Југомедиа