13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаСветНЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД СМРТ, СЕ ПЛАШЕВ ДЕКА ЌЕ МЕ СИЛУВААТ“: Исповед...

НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД СМРТ, СЕ ПЛАШЕВ ДЕКА ЌЕ МЕ СИЛУВААТ“: Исповед на пејачка од Кабул која стана мета на Талибанците

-Не се плашев од смртта. Се плашев да не ме фатат, да ме развлекуваат и да се потсмеваат на телевизија, а потоа да ме силуваат и да ме фрлат пред милиони луѓе како да сум парче месо – изјави Аријана Сајед (36), авганистанска поп sвезда која беше меѓу „среќните“ кои успеаја да побегнат од Авганистан откако радикалните талибанци ја презедоа власта.

Аријана е позната пејачка и водителка на авганистанското музичко шоу „The Voice“, а својата популарност ја искористи за да ги инспирира другите жени да ги следат нивните соништа и страст за музика и да се борат за човекови права, па доби бројни смртни закани, некои дури и директно од Талибанците.

– Толку пати сум била на работ на смртта. Тајната служба ме предупреди дека во Кабул циркулира автомобил -бомба испратен да ме убие, а потоа платија жена да ме убие додека снимав емисија на националната телевизија. Таа беше само десет метри подалеку од мене, и кога ја интервјуираа во затвор, рече дека ќе повтори се ако биде ослободена. Најтажно е што жени сакаат да повредат жени – изјави Аријана, една од ретките жени кои успеаа да се качат на авион со својот свршеник, и откри како изгледаше да се качи на авион во главниот град на Авганистан.

Фото https://www.instagram.com/p/CNFKnhAsOoQ/

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...