2.4 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаУчилиштата чекаат инструкции за онлајн настава онаму каде што е потребно

Училиштата чекаат инструкции за онлајн настава онаму каде што е потребно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Учебната година ќе започне со физичко присуство, но ќе има ученици кои ќе ја следат онлајн доколку нивните родители настојуваат на тоа. Сепак, училиштата се во очекување на инструкции од Владата, во кои случаеви може ученикот да се пренасочи на онлајн настава.

<

Упатства од Владата и Министерството за образование чекаат училиштата за да организираат онлајн настава за оние родители кои инсистираат на неа. За сите останати ученици, годината ќе почне со физичко присуство, со полн капацитет, според донесените здравствени протоколи.

Исклучоци од оваа одлука ќе има за деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови на семејството, по барање на родителите, или други немедицински причини, со дозвола на училиштето.

– До сега немаме ниедно поднесено барање од родител. Во контакт сме со некои родители што имаат хронично болни во семејствата и се консултираат околу тоа како да постапат. Има некои родители за кои навистина знаеме дека децата имаат здравствени проблеми, како операција на срце, и прашуваат што ќе биде со нив. Родителите што имаат хронично болни дома би требало да донесат писмена потврда од лекар. Во моментов, се уште чекаме упатства од Министерството за образование и од Владата, вели во изјава за „Слободен печат“ Драган Арсовски, директорот на гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“.

Во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“, пак, наставниците испратиле анкета до родителите во која бараат тие да се изјаснат за една од трите понудени опции за начинот на кој ученикот ќе ја следи наставата: со физичко присуство; онлајн заради здравствени причини; и онлајн заради други немедицински причини. На анкетниот лист е нагласено дека родителот ќе може да го смени исказот исклучиво по завршувањето на првото полугодие.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....

Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од...