0.9 C
Ohrid
вторник, април 8, 2025
ПочетнаМакедонијаАрсовска: Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото, доста...

Арсовска: Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото, доста е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ги собра потребните потписи за нејзината кандидатура, по што јавно изрази благодарност до граѓаните и им порача дека е време сите заедно да го направиме метропола со која ќе се гордееме.

<

Арсовска вели дека е време за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град.

За Скопје од нас, за наше Скопје.

 

Сега како официјален независен кандидат за градот Скопје би сакала да повторам зошто сум независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија и ја барам поддршката од сите граѓани и партии да ме поддржат. Горда сум на скопјани, на нивната енергија и горда сум што сум нивен кандидат. Секоја поддршка е добредојдена.

 

Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот. Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100% од својата енергија за да успее.

 

Влегувам во оваа трка за градоначалник со чисто срце и јасна визија.
Уште еднаш, Ви благодарам за денешната поддршка и одиме на победа! – порача Арсовска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Згаснува националната телевизија Клан

Со одлука на менаџментот, сите вработени во телевизијата Клан Македонија од вчера се отпуштени од работа, инфомира 4NEWS.mk. Ова е уште еден сигнал дека...

Три лица од Струмица киднапирале 32 годишна жена !!!

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично...

Кравите кои правеа пустош низ Крива Паланка, се шетаат како на модна писта.

Македонија треба да прогласи службена победа на кравите во Крива Паланка кои со години го загрозуваат имотот и животот на граѓаните во Крива Паланка...

Судијата кој пресуди две години затвор за прегазена девојка, сам со пенкало си ги поправал оценките на факултет.

Во Основниот суд во Тетово, денеска беше изречена пресуда која предизвика револт кај јавноста – за случај на прегазување на девојка, судијата Е.Љ изрече...