8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаСветЕве која земја става крај на ограничувањата

Еве која земја става крај на ограничувањата

spot_imgspot_img

Епидемијата е под контрола, имаме рекордно високо ниво на вакцинација – информираше данскиот министер за здравство Магнус Хеунике. Од 10 септември Данска ги укинува сите рестрикции воведени поради пандемијата од Ковид-19, соопштија тамошните здравствени власти.

Данска е држава во која има едно од највисоките нивоа на имунизација во светот. Дури четворица од петмина Данци над 12 години се целосно вакцинирани. Токму ова е причината зошто Владата повеќе не го класифицира коронавирусот како „болест критична за општеството”.

– Владата вети дека нема да ги поддржи овие мерки подолго отколку што е потребно и ние сме сега во таа ситуација. Но, дури и ако моментно изгледа се добро, ние се уште не сме излезени од епидемијата, истакна министерот Хеунике.

Сепак, не е исклучена можноста од повторно воведување рестрикции доколку епидемиолошката состојба во државата повторно се влоши.

Бројот на пациенти во данските болници со Ковид-19 вчера изнесуваше 127. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 2.573 лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Денес е најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е христовото...

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...