16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Филип: Да не беше партијата немаше да се оженам со Ивана

Градоначалникот Филип: Да не беше партијата немаше да се оженам со Ивана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Никогаш не сакав да излезам од сенката на мојот татко или моето семејство, кое се занимаваше со една успешна бизнис приказна. И денес слушам муабети за себе, дека во некои работи сум успеал оти сум син на Зоре Темелковски, ама веќе навикнав на тоа. Искрено, јас никогаш не бегав од тоа кој сум, но големи беа кондурите на мојот татко за да ги пополнам, кога веќе споредувате, но секогаш се трудев да одам по неговиот пат“. Ова е само дел од приказната за градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, кој ќе се бори за уште еден мандат во својата општина. Низ разговорот дознавме многу за него. Со особен мерак зборува за „Ино спектар“ соковите кои се произведуваа во Македонија. „За нив и денес се зборува. Јас растев со семејниот бизнис во кој беа сите, татко ми генерален директор, ама беа вклучени и мајка ми и тетка ми, цела фамилија“, ни открива Темелковски.

<

Ако го прашате за Кисела Вода, вели секогаш е субјективен, оти кај тука пораснал, тука му е семејството, а од тука му се другарите со кои 30 години се дружи.

 

Во политиката е од 18 години, па така и ја запознал сопругата Ивана со која е пет години во брак и имаат син. Вели: Во паријата често се шалевме, дека за некои луѓе да не беше политичката партија немаше да се оженат. И на крај и со мене така излезе. Јас и сопругата партиски се запознавме на еден настан. Јас од Кисела Вода таа во Карпош и така почна љубовта“, искрен е Темелковски, чија сопруга била многу повеќе од него политички активна, ама решила да се повлече од политика.

„Многу сум ѝ благодарен, зашто кога јас кога одев напред во политиката веќе бевме длабоко во врска, па незгодно беше двајцата да тераме политичка кариера. Таа се повлече, сега студира постдипломски и работи во Општина Карпош“, раскажува градоначалникот Темелковски.

Со Филип зборуваме за сè. За бракот и синот, за семејниот бизнис, за неговиот татко, приказната за „Ино спектар“ соковите. Дознавме зошто му било тешко да се реши за брак, како заврши сликата на социјалните мрежи кога со директорот на ЗОО ги прекршија мерките па гледаа групно ракомет Македонија-Данска. Го бива ли за готвење, внимава ли на стилот, зошто во кафеана ја нарачува „Бисер Балкански“, за односот со двајцата браќа и колку се променил откако е градоначалник, Темелковски во интервју ја раскажа својата приватна приказна.

Александра Георгиев

Извор: Репортер.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...