18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Злате Мехмедовиќ: Делта сојот кај децата може да предизвика компликации на...

Д-р Злате Мехмедовиќ: Делта сојот кај децата може да предизвика компликации на мозокот

Доктор Злате Мехмедовиќ, кој во моментов работи во ковид-центрите на интерните клиники, во интервју за „Фокус“ објаснува како наеднаш букнаа алармантните бројки на заразени и починати од ковид 19, зошто граѓаните треба да се имунизираат, која е разликата меѓу индискиот сој и зошто е пострашен од другите, кои се причините за црните статистики што ја тресат земјава повеќе од година и пол.

Меѓу другото, Д-р Мехмедовиќ вели дека делта сојот кај децата може да предизвика компликации на мозокот во форма на енцефалитис.

Тој уште смета дека е неопходен унифициран пристап во медицинскиот третман на пациентите коишто се заразени со коронавирусот. Според него, тоа е една од причините за големиот број смртни случаи во нашата држава.

– Прво и основно, кога зборуваме за големата смртност и за тоа дека сѐ повеќе млади се инфицираат со вирусот, треба да се има предвид дека треба да има точно одредени протоколи за тоа како се лекуваат пациентите. Тој протокол треба да биде донесен согласно Законот за медицина базирана на докази, да биде објавен во службен весник и редовно да се надградува, вели д-р Мехмедовиќ и предупредува дека кај заразените од делта-сојот дури за четирипати е зголемена потребата од интензивно лекување и кислородна поддршка и затоа апелира граѓаните да не мислат дека асимптоматски ќе ја поминат заразата и навреме да побараат лекарска помош.

Според него, дополнителен проблем за црната ковид-статистика се и невакцинираните граѓани.

– И невакцинираните се сериозен проблем, сега со оглед на тоа како се одвива динамиката, меѓутоа со мало задоцнување. Во основа, ова требаше требаше да го направиме уште на почетокот на летото кога предупредувавме дека делта-варијантата ќе стане доминантна во нашата земја и дека ќе имаме ваков бран. Сега и оние што се вакцинираат денес, пред недела дена или пред 14 дена, иако драстично ја зголемуваат бројката на нововакцинирани, ќе им треба време да стекнат имунитет, објаснува тој.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...

Пронајден опожарен автомобил помеѓу селата, Волино и Мешеишта

Рано утрово пронајден е опожарен автомобил помеѓу селата Волино и Мешеишта. Спред првичните информации од мештаните не знаме за каква марка на автомобил станува...

Денеска по струшките улици литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во...