20.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаЗабаваСо цел да собере повеќе лајкови, јутјубер жив закопан шест часа

Со цел да собере повеќе лајкови, јутјубер жив закопан шест часа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Турскиот јутјубер Мухамед Бахчечик им ветил на своите следбеници дека ќе биде закопан жив доколку едно од неговите видеа надмине одреден број кликови и лајкови.

<

Бидејќи целната снимка успеала да ја постигне целта, Мухамед „морал“ да го исполни ветувањето и во врска со тоа, ангажирал гробари и возач на багер да му припремат се.

Влегол во специјално дизајниран стаклен ковчег „опремен“ со уреди за следење на виталните знаци, како и кислород, радио комуникација и камери, а потоа се согласил да биде закопан шест часа.

– Научив колку е убав животот. Во моментот кога влегов во ковчегот, помислив на сите луѓе што ги сакам, кои ги сакав и кои починаа. Чувствував дека и тие се тука. Многу сум среќен што сега можам полесно да дишам – рекол Мухамед.

Иако и ова видео доби многу кликови и лајкови, многумина му замерија на Турчинот што го ризикува своето здравје и сопствениот живот заради популарноста.
Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...