5.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаФункционираат како браќа: Македонско-албански тим на привремена работа во Хрватска

Функционираат како браќа: Македонско-албански тим на привремена работа во Хрватска

spot_img

Македонците и Албанците на работа во странство немаат проблеми, тие се одличен тим, добри пријатели и сите зборуваат на јазикот на домаќините. Меѓусебе? Меѓусебе зборуваат и се однесуваат како другари. Некои од тимот се и нешто повеќе од тоа..
Во пицеријата „Роко“ на тетовчанецот Шадан Хусеини во самиот центар на градот Хвар, поточно, на плоштадот Свети Стјепан, број 33, ја запознавме одблиску неговата вредна екипа работници, сите, освен еден, од Македонија. И додека ја таманавме највкусната пица на островот, ја слушавме комуникацијата помеѓу келнерите Кире (32) и Бетим (21), шанкерот Енес (23), Драгана (25) која е задолжена за правење на салати и најстариот меѓу нив, готвачот Бошко (39)

Останатите членови од тимот, Диме (35), пица-мајстор, Горан (19), помошник во кујната и единствениот кој не доаѓа од Македонија, туку од Валона, Албанија – Кристи (21), беа на пауза, кој за да отспие или да се одмори, кој на плажа. Главниот, сопственикот Шадан, на островот познат како Роко, за разлика од деновите кога бил помлад па секој слободен момент го користел за да оди на плажа, сега за време на паузите, спие.

Македонците и Албанците на работа во странство немаат проблеми, тие се одличен тим, добри пријатели и сите зборуваат на јазикот на домаќините. Меѓусебе? Меѓусебе зборуваат и се однесуваат како другари. Некои од тимот се и нешто повеќе од тоа
.

Во пицеријата „Роко“ на тетовчанецот Шадан Хусеини во самиот центар на градот Хвар, поточно, на плоштадот Свети Стјепан, број 33, ја запознавме одблиску неговата вредна екипа работници, сите, освен еден, од Македонија. И додека ја таманавме највкусната пица на островот, ја слушавме комуникацијата помеѓу келнерите Кире (32) и Бетим (21), шанкерот Енес (23), Драгана (25) која е задолжена за правење на салати и најстариот меѓу нив, готвачот Бошко (39).
.

Останатите членови од тимот, Диме (35), пица-мајстор, Горан (19), помошник во кујната и единствениот кој не доаѓа од Македонија, туку од Валона, Албанија – Кристи (21), беа на пауза, кој за да отспие или да се одмори, кој на плажа. Главниот, сопственикот Шадан, на островот познат како Роко, за разлика од деновите кога бил помлад па секој слободен момент го користел за да оди на плажа, сега за време на паузите, спие.

По него, најстари во тимот се велешаните Бошко и Диме. Бошко е татко на три деца, а помеѓу најмладото и најстарото е цела деценија разлика во години и тој е еден од оние кој е тука заради семејството, а не заради себе. Вели дека веќе се навикнал на овој начин на живот заради кој е речиси пола година далеку од семејството, бидејќи на истово место е готвач, и тоа, многу добар, веќе шест години по ред. Иако отпрвин помисливме дека барем потоа е со своето семејство, Бошко ни објасни дека после одморот и времето со семејството од само еден месец, веќе почнува со својот зимски ангажман, како готвач во ресторанот „Конак“, на Попова Шапка. Вели, тешко е, ама тоа е, децата мора да се пораснат. Бошко вели дека за разлика од лани, кога заради короната сезоната им траела кратко, годинава има многу туристи, па иако е веќе септември, работата не стивнува.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...