20.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаUncategorized @mkНајслаб одзив за вакцинација во Гостивар и Дебар

Најслаб одзив за вакцинација во Гостивар и Дебар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неготино, Кавадарци и Охрид се трите града во кои над 60 отсто од населението примило барем една доза од вакцината против ковид-19, додека на дното на листата се Гостивар и Дебар, објави Министерството за здравство.

<

Гледано на цела територија на државата, 44,6 отсто од граѓаните над 18 години се вакцинирани барем со една доза.

Во Неготино, како прв град на списокот, една доза примиле 63,4 отсто, во Кавадарци 62,3 проценти, а Охрид 61,4 отсто.

Над половина од полнолетното население е вакцинирани со прва доза и во десет други градови: Гевгелија 59,8 отсто, Берово 56 отсто, Ресен 57,2 отсто, Битола 55,8 отсто, Ресен 57,2 отсто, Пехчево 53 отсто, Крушево 52,3 отсто, Валандово 53,3 отсто, Штип 51,9 отсто, Пробиштип 50,5 отсто.

Помеѓу 40-50 отсто опфат на вакцинирано население со барем една доза на вакцина има во: Демир Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, Прилеп, М. Брод, и Скопје,

Од 30-40 отсто вакцинирани се во: Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Струмица, Тетово, Гостивар, Радовиш.

Гостивар и Дебар на дното на листата имаат по 30,5 отсто односно 31,7 отсто вакцинирани со една доза.

Од Министерството за здравство нагласуваат дека вакцините се безбедни и ги има во доволен број, па затоа апелираат на поголема заинтересираност, особено кај помладата популацијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...