3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГошев: Во Македонија порано се крадеше на лажиче, потоа со лопати, па...

Гошев: Во Македонија порано се крадеше на лажиче, потоа со лопати, па сега со булдожери!

spot_img

Изминатите триесет години ќе бидат запаметени по невидените дострели на корупцијата. Во „заробената држава“, во „хибридниот систем“, со корупцијата во фаза на крадење со булдожери, некој постојано контролира кој ќе добие можност. Во таквата стварност, не е можна функционална пазарна економија.

Современик е и сведок на најзначајните политички настани пред, и по создавањето на независна македонска држава. Важи за остар и реален критичар на состојбите во земјата и една од клучните политички фигури на македонската демократска пролет во ’90-тите години. Не е приврзаник на празнични „панагирици“. Во тој стил, уште на почетокот на разговорот за тридеценискиот јубилеј на македонската независнот, јасно потенцира дека во хиерархијата на вреднувања на настаните не треба да се подзаборава датумот кој најсилно го носи тежиштето на нашата државност, пишува Дојче веле во воведникот за интервјуто со Петар Гошев.

Веднаш на почетокот да кажам: Да ни е честит триесеттиот 8 Септември и за навек да биде прославуван, во мир и благосостојба, од бесконечна низа на идни генерации. Да го прославуваме 8-ми Септември, но да не го подзабораваме и да не го валкаме, како што сè почесто се случува, АСНОМ 1944. Имам впечаток дека се множи бројот на оние што треба постојано да бидат потсетувани и подучувани дека во хиерархијата на вреднувања на настаните од нашата, не претерано долга, државотворна историја, АСНОМ 1944 штрчи како Монт Еверест, пред сѐ друго. И дека, од таа позиција, наспроти сите драми во врска со референдумот од 8 септември 1991 година, вистински и егоцентрично стокмени, не беше многу тешко да се забоде јарболот на новото македонско државно знаме, со намера вечно да го симболизира прогласувањето на целосно самостојната држава.

И, ете, се изведува вистински подвиг: со АСНОМ 1944, преку крвавиот пат до него, се случува воскреснувањето. Се раѓа Република Македонија, дефинирана како рамноправен државно-правен и политички субјект во заедница со државно правни субјекти со многу подолга историја. Ете затоа, да го славиме 8 септември, но да не го потиснуваме АСНОМ 1944, зашто вториов, пред сè, е „сработен“ од АСНОМ-ците.

ДВ: Наративите кои ја хранеа силната референдумска определба пред 30 години, гласеа „свои на своето“, „од федерален слуга до господар на својата судбина“… Го постигнавме ли тоа во суштинска смисла?

-Како и да е, Осми септември е важен меѓник во нашата недолга државотворна историја. Ни се вратија во целосна надлежност и отстапените функции кои ги извршуваше бившата федерација. Колку и да е проблематична фразата целосно „свои на своето“, ете добивме прилика да видиме какви сме како „свои на своето“.

Добивме прилика сосема сами да го уредуваме економскиот и политичкиот систем; сами да ги регулираме правата, обврските и слободите на поединецот; сами да ја дефинираме разликата меѓу јавниот и приватниот интерес, да одредуваме кои економски и социјални разлики се прифатливи, како да се вреднува трудот, колку во тоа треба да биде арбитар пазарот, колку организираните државни институции, како да се чува животната средина – реките, планините, шумите, водите, каква меѓународна политика ќе водиме… Ако за нешто не би требало да се расправаме, сигурно за наведеното не би требало. Следствено, најдоброто што можеше да ни го понуди распаѓањето на СФРЈ и 8-ми Септември е токму тоа. Целосно да ја прифатиме одговорноста за нашата самоодржливост и да покажеме какви сме во споредба и со оние што ги обвинувавме за нашите домашни проблеми и со другите за кои не можевме да смислиме изговор дека ни се виновни за нешто.

 

Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...