20.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаСветДвојно убиство во Косово - кандидати за градоначалници жртви на престрелка во...

Двојно убиство во Косово – кандидати за градоначалници жртви на престрелка во Пеќ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во вооружен инцидент, меѓусебна пресметка со огнено оружје се убиени кандидатот за градоначалник на Пеќ од опозициската партија на Косово, (ПДК) Астрит Адемај и членот на раководството на истата партија и нејзин поранешен кандидат за градоначалник на соседниот град Дечане, Блеранд Кадријај.

<

Според очевидци на настанот на кои се повикуваат медиумите, двете жртви биле заедно во локал во Пеќ и во еден момент настанала кавга меѓу нив, по што посегнале по оружје и почнале да пукаат еден кон друг. Во инцидентот учествувал и братот на Астрит Адемај, Авни, кој е пренесен во болница со прострелни рани.

Инцидентот во соопштение за медиумите го потврди и косовската полиција, без да наведе детали за идентитетот на жртвите и мотивите кои довеле до него. Во соопштенито се наведува дека полицијата била информирана за пукотници во локал во Пеќ, по што надлежни екипи излеглe на местото на настанот, а три лица со прострелни рани се пренесени во болница, каде што за две од нив е констатирана смрт.

Во врска со настанот се огласи и косовскиот премиер Албин Курти, кој преку неговата страница на Фејсбук им изрази сочувство на семејствата и блиските на загинатите, како и на нивните соработници од ПДК и воедно побара преземање на сите потребни мерки за целосно расветлување на случајот.

Актуелниот градоначалник на Пеќ, Газменд Мухаџери изјави за телевизијата Канал 10 дека семејствата на двете жртви имале конфликт од порано, а синоќа се состанале во локал во сопственост на семејството Адемај, со цел да најдат решение. Меѓутоа, изјави Мухаџери, наместо да се смират страстите, конфликтот ескалирал и завршил со тешката трагедија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...