0.7 C
Ohrid
среда, декември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМаксим: Не сакам моите деца да живеат во држава во која утре...

Максим: Не сакам моите деца да живеат во држава во која утре ќе може да си купат марихуана на слободен пазар.

spot_img

Државата може да биде претворена во марихуански картел. Не сакам моите деца да можат да купат марихуана на слободен пазар и да се шири марихуаната во слободна употреба. Целта и идејата за марихуаната е да се користи исклучиво во медицински цели и да се извезува. Ние во Куманово имаме моментално три инвестиции за такви фабрики. Двете не работат, за третата не сум запознаен. Се уште чекаат одредена документација. Тоа се сериозни инвестиции и очекувам тие фабрики исклучиво да произведуваат марихуана за медицински цели. Да бидат извозно ориентирани и да доаѓаат и во општината и во државата свежи девизни средства врз основ на таквата инвестиција. Но не и да се продава на секој чекор. А факт е дека ја има и тоа не можеме да го премолчиме – вели Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово.

Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи е надлежно да ја сузбива недозволената трговија со дрога и шверц со наркотици. И тоа е нивната основна функција и работа.

Но ако слушнете вие на социјалните мрежи како полициски службеник директно разговара со регистриран дилер на дрога и тој разговор ви кружи на социјалните мрежи а го гледате дека тој се уште работи во полиција, сфаќате дека тука се работи за еден посериозен систем и добро организиран систем којшто функционира. Сакате да купите наркотици, ги имате. Полицијата е таа која мора тоа да го спречи. Мора да се даде можност на врвните професионалци да работат. Познавам луѓе во СВР Куманово коишто се врвни експерти. Наместо да работат во Куманово, на крај на нивната кариера, тие се трансферирани во некои други полициски станици, дали во Дебар, дали во Автокоманда, да работат во МТШ и недозволива трговија со дрога, која што е зачеток на една полициска кариера. Треба да се направи еден клининг и целосна деполитизација. Да се донесе закон каде ќе се забрани политичка активност на припадници на МВР, на правосудството, армијата. Да бидат целосно професионални. Без полиција не можете да разбиете корупција во државата. Едноставно треба да создадете сериозни тимови и сериозни капацитети. А тие се создаваат кога ќе им дадете можност на квалитетот, а не на партискиот квантитет – коментира Димитриевски.
Пишува: ИнфоМакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Курто Дудуш ги повика скопјани Новата Година да ја дочекаат во Шуто Оризари

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декемри да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма. „Покрај недостатокот на елементарна способност...

Повторно избувна скандал: Тијана се брани дека некој и го сменил текстот за Дачиќ.

Многу ми е жал што случајно излегов на сцена со текст кој е сменет без мое знаење“, порача Тијана Тодевска Дапчевиќ по, според дел...

Газда за пример: По 670 евра за секое новороденче, а 1000 евра за секој што се враќа од странство

ДИВ Групацијата на претприемачот Томислав Дебељак е пример за компанија која вистински се грижи за своите вработени “Не е се во профитот“ – изјави Томислав...

АХВ изврши надзор – во новогодишни пакетчиња за деца пронајдени производи со поминат рок

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници...