25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Белград уапсен Раде Трајковски-Штекли кој неофицијално го поврзуваа со убиството на...

Во Белград уапсен Раде Трајковски-Штекли кој неофицијално го поврзуваа со убиството на Мартин Јанушев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Раде Трајковски-Штекли е уапсен пред неколку дена во Белград, дознава „Фокус“ од доброупатени извори. Тој е еден од многумината бегалци од државата кои се бараат со меѓународна потерница, а според информациите објавени од МВР, треба да издржи шестмесечна казна затвор.

<

„Се бара по потерница на Основниот суд-Скопје 1, по член 131 став 1, во врска со член 22 од КЗ, за издржување на казна од 6 месеци“, се наведува на сајтот на МВР.

Но, неговото име одекна во јавноста пред четири години кога се случи убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. За убиството беше осомничен и обвинет Филип Секуловски- Кобра, кој беше уапсен по две години бегство. Сепак, кога се случи немилиот настан, и името на 37 -годишниот Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството, односно медиумите тогаш објавуваа дека Секуловски пред да го убие Јанушев најпрвин се сретнал со Штекли. Сепак, тој никогаш не беше обвинет за било каква улога во крвавиот чин. Штекли, на денот на убиството, на социјалната мрежа фејсбук објави фотографија од Белград.

Извор: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...