32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНов скандал со тендери - фирма блиска до СДСМ прво ја завршила...

Нов скандал со тендери – фирма блиска до СДСМ прво ја завршила работата, потоа го добила тендерот?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Фирмата КБК Инженеринг оди на улица „Варшавска“ во јули, реконструира водоводна мрежа, надвор од закон, надвор од процедури, надвор од се останато што пропишуваат законите, ја завршува работата и дури после месец и пол се носи избор за најповолен понудувач токму фирмата КБК Инженеринг, и се потпишува договор за работа, дури откако целата реконструкција е завршена. Согласно договорот, вредноста на реконструкцијата според е 18.041.646 денари или приближно 300.000 евра со ДДВ. Значи, директорот на Водовод, Весковски однапред имал смислено заедно со Шилегов која фирма ќе ја добие работата, најверојатно во претходен договор со нив и свесно, на нивна совест, прават криминално дело или правно толкувано несовесно работење во служба“ изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

<

Реконструкција на водоводна мрежа вршела фирма која не добила тендер од Јавното претпријатие Водовод и канализација – опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави скандал за кој тврдат дека е уште еден доказ, како во земјава тендерите ги добиваат фирми блиски до владејачката СДСМ.

Од партијата прашуваат – како е можно, откако ќе заврши одреден проект, да биде издаден тендер и да биде потпишан договор меѓу јавното претпријатие и фирмата изведувач. Тие појаснуваат дека на еден ден пред изборите – на 14 јули 2020 година, започната била реконструкција на водоводната мрежа на улица „Варшавска“ од страна на фирмата КБК Инжинеринг – истата фирма склучува договор со ЈП Водовод и канализација, месеци подоцна – дури на 9 октомври.

Се огласи и директорот на ЈП Водовод и канализација – Душко Весковски.

„Смешни и трагикомични се денешните клевети изнесени од страна на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димитар Арсовски, дадени пред почеток на престојната изборна кампања за локалните избори.

Јас, како генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, категорично тврдам дека целата постапка за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улица Варшавска е спроведена согласно законските прописи, градежните стандарди и нормативи. Врз основа на усвоена инвестициона програма и годишен план за работа, спроведена е постапка за јавна набавка, по што е склучена рамковна спогодба за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа. По добиеното одобрение за реконструкција во месец јули 2020 година од Општина Карпош, е спроведена постапка за јавна набавка за склучување на посебен договор преку јавно негативно аукциско наддавање, при што наведената фирма е избрана за најповолен понудувач. Во спроведенета постапка останатите четири учесници немаат вложено жалба за изборот на најповолниот понудувач“ – информираше Весковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...