18.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаДивоградбата на Шилегов ќе биде урната по смена на власта-Реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Дивоградбата на Шилегов ќе биде урната по смена на власта-Реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

<

Според оваа партија, институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов.

„Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема. Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов. Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, дополнуваат од партијата, посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност. Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист, додаваaт од таму.

Велат, дека освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори.

Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас, потенцираат од опозициската партија, додавајќи дека молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба.

„Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност“, стои напишано во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...