8.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев и Мицкоски повикаа на масовна вакцинација

Заев и Мицкоски повикаа на масовна вакцинација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 повикаа на масовна вакцинација на населението.

<

Сега има доволно вакцини и треба сите да поттикнеме масовна вакцинација, секако, кај граѓаните коишто сакаат тоа да го направат и секако колективното здравје да го заштитиме – тоа е одговорна политика. Дајте да бидеме поодговорни, барем ние политичарите за да поттикнеме поголема одговорност, заради тоа што тоа е единствениот пат да ја совладаме оваа проклетија од пандемија која за жал однесе многу човечки животи и само на тој начин да се вратиме во нормалното, нагласи Заев.

Според него, Владата и надлежните прават се што можат со тие капацитети што постојат во државата да ја менаџираат ковид кризата. Благодарение на лекарите и целиот здравествен систем, рече Заев, спасивме илјадници животи.

Тоа што го правиме ние го прави цел свет, истото го правиме. Се консултираме со сите, кои се нови методи, најнови терапии секојпат се обезбедиле, не се штеделе средства, обвинувања за провизии се надвор од секој памет, набавивме евтини вакцини, ги преземавме сите можни чекори час поскоро да се најдат вакцини, здравствените работници да ги заштитиме, рече Заев додавајќи дека причината за најголем дел од починатите е дека имале по најмалку две хронични болести.

Премиерот истакна дека секојпат ги слушале експертите во однос на мерките. Додаде дека летово ги попуштиле мерките (конкретно за свадбите), бидејќи бројот на новодијагностицирани бил многу мал. Истакна дека поддржува мерки кои ќе поттикнат поголема вакцинација кај населението.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, ние сме на дното на справувањето со кризата, а на врвот со луѓе кои го загубија животот. Посочи дека Владата ги прифаќала мерките кои тие ги предложиле, но со задоцнување.

Кога велевме и нудевме мерки, истите тие мерки ги прифаќаа со задоцнување кога животот кога ќе го изгубеа десетици граѓани, рече Мицкоски, додавајќи дека предупредиле дека ќе дојде до делта варијанта на вирусот во земјава и дека ќе има нов бран.

За жал, во тој момент, како што рече, немаше слух од надлежните. Нагласи оти е шокиран од тоа што вината се префрла на граѓаните.

Во регионот каде луѓето имаат сличен менталитет вие да водите со два, три пати поголема смртност, што е поразличен менталитетот на луѓето во Македонија до луѓето во Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, вели Мицкоски.

Ги повика сите кои сакаат да се имунзиираат по пат на вакцинација, а сите останати, како што рече, имаат свое право на своето телo и својот живот. Рече дека втората доза на вакцина треба да ја прими во среда.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...